
ДИ ВЕНС ГИ ОБЈАСНИ ЦАРИНИТЕ: Се задолжуваме кај кинеските земјоделци за да го купиме она што истите тие фармери го произведуваат
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс изјави дека новите царини што ги објави претседателот Доналд Трамп се „голема промена“, но и неопходен пресврт за американската економија.
Вели дека се задолжуваат кај кинеските земјоделци за да го купат она што истите тие фармери го произведуваат.
„Тоа не е рецепт за просперитет, ниски цени, ниту добри работни места во Америка“, изјави Венс за Фокс њуз.
Ди Венс го критикуваше моделот на глобалистичка економија за кој тврди дека ги довел САД до голем долг и зависност од странско производство.
„Во моментов, претседателот Трамп ја води економијата во друга насока, на тоа ја засноваше кампањата, тоа е она што го вети и сега го исполнува“, рече Ди Венс.
Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро, пак, истакна дека е убеден оти „казнените царини“ на Трамп ќе имаат негативно економско влијание врз сите членки на НАТО.

