Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Девет успешни трансплантации на рожница – ново поглавје во офталмологијата во Македонија
Македонија

Девет успешни трансплантации на рожница – ново поглавје во офталмологијата во Македонија

14/11/2025

AA

Во рамки на еднонеделниот престој на медицинска делегација од Duke University (САД), една од водечките светски институции во клиничката медицина, на Универзитетската клиника за очни болести беа изведени вкупно девет трансплантации на рожница, поставувајќи нови стандарди во офталмолошката грижа во нашата држава.

Делегацијата, составена од проф. д-р Lloyd Williams, асс. д-р Nick Garson и д-р Sheena Song во рамки на посетата беше примена и од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу.

-Започнувањето на ова поглавје е резултат на едногодишна, темелна и посветена подготовка започнувајќи од организирањето на националната листа на чекање, усогласувањето на протоколите и административните процедури, до создавање партнерство со Duke University, САД. Верувавме дека нашата земја има потенцијал за современа трансплантација на рожници и денес тоа го покажуваме со првите успешни трансплантации, посочи националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска.

-Горд сум што Македонија демонстрира знаење, визија и силна институционална посветеност. Ова е огромен медицински успех и доказ дека можеме да го модернизираме здравството и да им обезбедиме најдобра можност на пациентите кои долго го чекаа овој момент, истакна министерот за здравство, Азир Алиу.

-Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашето јавно здравство, за нашата институција, но пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман. Македонија прави огромен напредок кон современа, достапна и висококвалитетна офталмолошка грижа, отворајќи ново поглавје за сите пациенти. Партнерството со Duke University, нивната донација на ткива и директната соработка во оперативните сали создадоа силен темел за натамошен развој на програмата, изјави директоркатана Клиниката за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов.

Трансплатациите беа реализирани од тимот на Универзитетската клиника за очни болести во состав: директорката на Клиника за очни болести, доц. д-р Наташа Трпевска Шекеринов, насл. доц. д-р Христијан Дума, прим. д-р Бисера Велковска, асс. д-р Ана Трпеска Бошкоска; анестезиолозите д-р Катерина Аспроска Блажевска и д-р Ангелина Трајчевска; анестетичар Канита Арифи, како и медицинските сестри и инструментарки дипл. мс. Билјана Трајчева, мс. Тамара Тасевска, дипл. мс. Суреја Идризи, дипл. мс. Марина Трајковска и целиот персонал на клиниката.

Од изведените интервенции, според медицинска индикација, две беа направени со методата DMEK – најсоврмена техника при која се трансплантира само еден микронски слој од рожницата, што првпат се изведе во нашата земја, и останатите седум беа пенетрантни кератопластики (PRK), првпат во јавното здравство по половина век.

Со овие успеси, трансплантацијата на рожници во Македонија добива современ, одржлив и светски квалитетен модел.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy