
Дете загина на Косово
Од куршум загина петгодишно дете во Вучитрн на Косово. Детето починало во болница.
„Лекарите соопштија дека детето починало како последица на повреди за кои постои сомнение дека се предизвикани од огнено оружје. Според првите информации од истрагата, инцидентот се случил во дворот на куќата на детето“, изјави синоќа за РТК Авни Заити, портпарол на полицијата за регионот на Митровица.
На лице место се пронајдени и одземени чаура и пиштол. На Косово последниве месеци имаше многу инциденти меѓу Албанците и Србите.
