Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Празнување на Цветници во Скопје во 1920 година
Македонија

Празнување на Цветници во Скопје во 1920 година

09/04/2023

AA

Цветници или познат уште како Цветоносна недела или Врбица е празник во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и прврзаници со цвеќе, врбови гранчиња и својата облека му го постилале патот. Цветници секогаш се празнува една недела пред Велигден.

Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица на неговата голема популарност меѓу народот, која уште повеќе била зголемена по воскрснувањето на Лазар. Според преданието, во Саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го Воскреснал.

Оттука Сабота пред Цветници се вика Лазарева Сабота или Лазарица, односно Лазара. Но поради тоа што Исус го воскреснал Лазар во народот неделата се смета за поголем празник од саботата.

Додека Исус влегивал во Ерусалим, воодушевениот народ освен со цвеќе, врбови гранчиња и облека со кои ја постилал патеката го пречекал и со песна: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на висините”.

Треба да се напомне дека Исус влегол во Ерусалим качен на магаре кое се толкува како симбол на мирот за разлика од коњите кои служеле за водење војни.

По Првата светска војна во Скопје које е под српска купација, празникот Цветници или Врбица масовно се славел. На фотографијата под наслов „И во Македонија оваа година свечено е прославена Врбица“ од фотографот Арангел Станковиќ од Скопје објавена во тријазичниот (српски, хрватски и словенски) белградскиот весник „Илустровани лист“ од 1920 година (Илустровани лист – Ilistrovani list, у Београду 26. V – 10. VI 1920, број 8 ), се гледа „Камениот мост“ во Скопје и маса на народ кој го празнува праазникот Цветници или Врбица.

Интересно е да се напомене дека белградскиот лист во описот на фотографијата за прославата на Цветници во Скопје не го сместува градот во Вардарска бановина или Јужна Србија туку во Македонија. Ваквото ословување на окупираниот дел на Македонија под српска власт ќе продолжи речиси во текот на целата 1920 година.

Инаку, во Македонија овој празник се празнува различно. На пример во гостиварско Зубовце, на овој ден младите невести, девојките и девојчињата со кошници во рацете, одат на прошетка во селските ливади. Берат цвеќиња. Прават толку цветни кивчиња колку што има членови во нивната фамилија. Прават и една поголема китка за куќата која, по враќањето дома, ја оставаат пред домашната икона.

По берењето на цвеќињата и при правењето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат:

Ајде Цвето на цвеќе, Лазаре

Цвеќе да си береме, Лазаре,

Китки да си китиме, Лазаре,

Кому китка по китка, Лазаре,

На Лазара пет китки, Лазаре.

Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy