Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Детали од несреќата на патот Велес-Извор: Повредени 16, двајца пренесени на Клинички
Магазин

Детали од несреќата на патот Велес-Извор: Повредени 16, двајца пренесени на Клинички

10/11/2023

AA

 Од Секторот за внатрешни работи Велес вечерва соопштија детали за сообраќајната несреќа што се случила денеска на регионалниот пат Велес-село Извор, во која биле повредени 16 лица, од кои две се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје. 

Како што информираат од СВР Велес, денеска во 14:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – село Извор во близина на крстосница за село Војница се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишнот Б.Н. од Скопје и комби „Фолксфаген“ со велешки регистарски таблици управувано од 65-годишен О.Ј. од село Побожје, општина Чучер Сандево.  

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Билјана Ѓаковска, во несреќата со повреди се здобиле возачот на комбито и 13 патници, како и возачот на товарното возило и сопатникот во товарното возило, на кои им била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес.  

Д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, претходно за МИА извести дека двајца од повредените  лица се пренесени на лекување на скопските клиники, но се надвор од животна опасност.

– Преостанатите 14 од вкупно 16 лица кои биле донесени во болницата се’ со полесни повреди, од кои некои се задржани, а некои по укажаната лекарска помош  ја напуштија  или до утре наутро ќе ја напуштат болницата и ќе си заминат дома. Со возило на Брза помош осум од повредените биле однесени на преглед во велешката Општа болница, а уште осум со приватни автомобили, информираше Левкова Ќулумова.

По овластување на јавен обвинител увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44990
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy