Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Деспотовски: Дoговорот на ЕСМ со „Митилинеос“ нема да биде државна помош
Економија

Деспотовски: Дoговорот на ЕСМ со „Митилинеос“ нема да биде државна помош

10/02/2024

AA

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, во денешнотоинтервју за 24 Инфо вели дека договорот помеѓу ЕСМ и грчката гасна централа на потенцијалниот стратешки инвеститор „Митилинеос“ за откупување на речиси целокупната произведена електрична енергија не претставува државна помош.

Ова следува како реакција на претходниот коментар на министерот за економија, Крешник Бектеши кој вчера изнесе забелешки за една од стратешките инвестиции која иако не беше конкретно посочена, сепак станува јасно дека се однесува на грчки Митилинеос, за која рече дека не може законски да добие повеќе од една државна помош, во која ќе биде вклучен и загарантираниот долгорочен откуп на произведената струја.

Како контраргумент на ова, Деспотовски од ТИРЗ вели дека иако ваков договор е новина кај нас, сепак тоа е пракса и во европската регулатива и во многу земји членки на ЕУ, а мислење ќе се бара и од Енергетската заедница во Виена.

„Сакам да бидам и јасен дека ваков тип на договори кои се новина кај нас се пракса и во европската регулатива. На потполно ист начин беше воден и овој процес. Во однос на Законот и ние како институција бевме вклучени во процесот на разгледување и усогласување на Законот и Предлог договорот во сите владини процедури каде предлагач беше токму Министерството за економија. На крајот на денот за Законот свое мислење веќе даде и Комисијата за заштита на конкуренција, а согласно нашата регулатива пред потпишување на Договорот за државна помош, чијашто подготовка следи по потпишување на Законот, ќе побараме мислење и од Енергетската заедница од Виена. Договорот за закуп на капацитет помеѓу ЕСМ и Митилинеос по ниту еден основ не може да се смета за државна помош, имајќи предвид дека инвеститорот  ја отстапува енергијата по цени пониски од пазарната. Како што реков, бројни вакви примери во изминатите неколку години има на ниво на ЕУ, каде токму Европската комисија одобрува ваков тип на договори во кои се комбинира финансиска поддршка со закуп на капацитет. Дури има примери каде што Европската комисија им одобрува на земјите членки исплата на премии на производители на енергија од вакви централи над износот што го остваруваат на пазарот. Истото е со цел да се обезбеди токму стабилност и независност во снабдувањето на економијата и граѓаните со енергија. Во СР Германија за една ваква програма државата обезбедила близу две милијарди евра. Навистина не гледам причина зошто и Македонија да не го следи тој пример“ посочи Деспотовски.

За земјиштето од стотина илјади квадрати во комплекс Железара во Гази Баба, каде за три години се очекува да започне работењето ан „Митилинеос“, тој наведе дека добро е тоа што овој простор нема да се приватизира.

„Со овој проект државата конечно ќе стави рака на имотот, односно на земјиштето кое им припаѓа на сите граѓани имајќи предвид дека во не така дамнешното минато имало различни интереси и обиди тоа земјиште да помине во приватни раце. Во однос на користењето на земјиштето сакам да напоменам дека со Договорот Компанијата се обврзува да плаќа 2 евра по метар квадратен годишен надомест, или вкупно само по овој основ државата ќе приходува 7 милиони евра. Тоа се 7 милиони евра повеќе од нула колку што државата приходувала, односно не приходувала, откако овој поранешен индустриски капацитет престанал да работи. Предноста на локацијата е што инфраструктурата веќе постои а стратешкиот инвеститор се обврза да го изгради капацитетот и целосната потребна инфраструктура и мрежа. Обврска на државата е да изгради само пристапен пат од 500 метри“ објаснува Деспотовски за 24 Инфо.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето

06/10/2026
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
Македонија

ЦЕЛА ГОДИНА СО ШИФРА „ДОДАВАЛА“ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ВО МВР Имала

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛ БАРА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР ЗА ОБВИНЕТИОТ ЗА 4 УБИСТВА ВО

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ВО ВОЗДУХ ПО СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА 76-годишен охриѓанец нападнал

06/10/2026
Македонија

ЗЛАТО, СКАПИ ЧАСОВНИЦИ И ЧАНТИ „ХЕРМЕС“, „ЛУЈ ВИТОН“ И „ДИОР“

06/10/2026
Македонија

📷 САМО ШТО ВСЕЛЕН, ВЕДНАШ ГО ЗАТНАЛЕ СО ВЛАЖНИ МАРАМИЦИ

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46015
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето на пасошот на бизнисменот Марковски?

06/10/2026

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата д лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди 470 милиони денари за довршување

06/10/2026

Изградбата на затворениот базен во Охрид ќе продолжи по речиси 11 години од почетокот на проектот, откако Владата на денешната

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен во Липково

06/10/2026

Шеесет и петгодишен жител на Арачиново бил приведен вчера во Липково откако со товарно возило превезувал дрва без жиг, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy