Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕНОТ КОГА ПАДНА МИЛОШЕВИЌ: Кулминацијата ја донесе граѓанската непослушност
Регион

ДЕНОТ КОГА ПАДНА МИЛОШЕВИЌ: Кулминацијата ја донесе граѓанската непослушност

05/10/2023

AA

Денеска се навршуваат 23 години од петти октомври, големиот протест организиран од здружената српска опозиција со цел да се симне Слободан Милошевиќ од власт по поразот на изборите на 24 септември 2000 година.

Веднаш по изборите низ цела Србија започна генерален штрајк, кој беше увертира на масовниот протест организиран од Демократската опозиција на Србија (ДОС) на 5 октомври во Белград.

ДОС беше широка групација од 18 политички партии и движења чија цел беше да го соборат режимот на Слободан Милошевиќ на изборите за претседател и парламент на Сојузна Република Југославија на 24 септември 2000 година. На тие избори загуби од Воислав Коштуница, заедничкиот кандидат на ДОС. Коштуница освои 50,24 отсто од гласовите, а Милошевиќ 37,15 отсто.

Се започна во петокот, на 29 септември, со штрајкот на рударите во рудниците Колубара, каде што се произведува струја за голем дел од Србија, а се приклучија и луѓе од целата земја.

Домашните и странските новински агенции проценија дека повеќе од милион луѓе во тие денови покажале граѓанска непослушност кон режимот на Слободан Милошевиќ. Она што изненади многумина беа штрајковите и граѓанската непослушност на работниците во големите државни фабрики.

Еден од најжестоките удари на тогашната владејачка партија го зададоа работниците од Рударскиот басен „Колубара“ кои истрајуваа на штрајкот и покрај секојдневните закани од режимот.

Штрајкови организираа и Градското сообраќајно претпријатие во Белград, како и вработените во Хидрометеоролошкиот завод на Србија.

Кулминацијата дојде на 5 октомври пред Сојузното собрание, пред кое дојдоа граѓани речиси од цела Србија. Колоните од автомобили, автобуси и камиони кои се движеа кон главниот град на Србија беа долги десетици километри. И покрај блокадата на многу патишта, голем број луѓе успеаја да се пробијат до центарот на Белград.

Околу 15 часот демонстрантите упаднаа во зградата на парламентот, по што собранието беше демолирано и запалено.

Оштетена беше и блиската зграда на РТС во улицата Таковска, додека директорот на телевизијата Драгољуб Милановиќ беше претепан во блискиот парк Ташмајдан.

Седниците на претседателството на ДОС, кое го сочинуваа партиски лидери, беа местото каде се носеа клучните одлуки – прво за начините на спротивставување на власта, а потоа и за чекорите што ќе ги преземе новата влада.

Еден од најистакнатите луѓе на протестот беше неодамна починатиот Љубисав Ѓокиќ, попознат како Џо Багериста, кој со својот багер го предводеше нападот на демонстрантите врз зградата на РТС.

Во еден момент полицијата престана да дава отпор и им се придружи на демонстрантите. Вечерта на 5 октомври 2000 година, Коштуница им се обрати на граѓаните од терасата на белградското Собрание.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46674
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти во Центарот за социјална работа

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани од СДСМ за обвинителот Савески

09/11/2026

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии, е ставот на Обвинителството

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy