Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И ОДНАДВОР ЈА КРАДАТ, И ОДВНАТРЕ ЈА „ПОТКРАДНУВААТ“, А ДРЖАВАТА ЈА СПАСУВА – Пошта на „шкрги“, лани во загуба од 3,7 милиони евра
Економија

И ОДНАДВОР ЈА КРАДАТ, И ОДВНАТРЕ ЈА „ПОТКРАДНУВААТ“, А ДРЖАВАТА ЈА СПАСУВА – Пошта на „шкрги“, лани во загуба од 3,7 милиони евра

05/10/2023

AA

Огромни
ненаплатливи побарувања од кражби и поткраднувања од вработени, високи долгови
и хроничен раст на загубите. Состојбите во големиот државен загубар Македонска
пошта се влошуваат од година во година, а ревизорите кои го чешлале
нивното работење за минатата година, само ја потврдиле таквата состојба.

Она што
„фасцинира“ во негативна смисла ако се разгледа ревизорскиот наод, но и бројките
што на ревизорите им ги презентирало самото акционерско друштво во државна
сосптвеност, е дека Македонска пошта има побарувања по основ на кражби, кусоци
од вработени, спогодби, како и побарувања за спорни и сомнителни камати на
износ од дури 1,52 милиони евра, а од оваа огромна сума не може да се наплати
најголемиот дел, или дури 1,47 милиони евра. Што во превод би значело дека од
овие 1,52 милиони евра, прашање е дали некогаш воопшто ќе се наплатат едвај 50
илјади евра. А, за дури 1,47 милиони евра, како што напишале самите ревизори во
извештајот, не добиле разумно уверување за нивната наплатливост.

„Со состојба на
31 декември 2022 година, друштвото има евидентирано останати побарувања по
основ на кусоци од кражби, кусоци од вработени, побарувања по основ на спогодби,
како и побарувања за спорни и сомнителни камати на нето износ од 93.387.000
денари (1,52 милиони евра – н.з.). Во постапката на ревизија не бевме во
состојба да се стекнеме со разумно уверување за наплатливоста на останатите
побарувања од 90.313.000 денари (1,47 милиони евра -н.з.)“, се вели во
белешката на ревизорот за Македонски пошти.

Натаму, како што
се додава, Пошта има побарувања од купувачи на износ од дури 4,3 милиони евра,
а притоа под знак прашалник дали ќе се наплати е дел од не така мали 578 илјади
евра.

„Друштвото има
евидентирано побарувања од купувачи во нето износ од 264.453.000 денари (4,3
милиони евра – н.з.). Во постапката на ревизија не бевме во состојба да се
стекнеме со разумно уверување за наплаливоста на дел од побарувањата од
купувачите, во висина од 35.555.000 денари (578 илјади евра – н.з.)“, се вели
во извештајот на ревизорот.

Покрај тоа што
има многу побарувања кои не може да си ги наплати, односно од нив не може да си
ги прибере парите, Пошта има и огромни долгови. И плус, тие, како што објасниле
ревизорите, се потценети. Долгот на Пошта кон добавувачите официјално тежи дури
3,8 милиони евра.

„Друштвото има
искажано обврски кон добавувачите во висина од 233.121.000 денари.
Констатиравме дека обврските кон добавувачите се потценети за износ од
10.860.000 денари. Поради нивно евидентирање во 2023 година како трошоци од
минати години. Ефектот врз финансискиот резултат за 2022 година изнесува
24.316.000 денари повеќе евидентирана загуба и истиот претставува разлика меѓу
трошоците од 2022 година евидентирани во 2023 година во износ од 10.860.000
денари и трошоците од 2021 година евидентирани во 2022 гподина во износ од
35.176.000 денари“, се вели во извештајот.

Натаму,
ревизорите констатирале и дека друштвото е обврзано да им исплати на
вработените кои заминуваат во пензија минимална отпремнина која одговара на две
просечни месечни плати исплатени во државата во моментот на пензионирање. Но,
како што навеле, Пошта нема извршено актуарска проценка на сегашната вредност
на овие обврски по престанокот на вработувањето согласно барањата на МСС 19-
користи на вработените. Според ова, резервирање за износот на отпремнините не е
пресметан и евидентиран.

Инаку, ревизорот обрнува внимание кон финансиските
извештаи во кои е наведено дека друштвото континуирано генерира загуби и има
негативни парични текови од оперативно работење.

И тука доаѓаме до клучната поента што ја кажале
ревизорите во својот извештај, а таа е дека Пошта не би можела да продолжи да
работи, доколку со пари не ја храни нејзиниот сопственик, а тоа е всушност
државата, односно сите ние. И, како што навеле, најголемите обврски кои треба
да се сервисираат, се всушност трошоците за вработените.

„Понатамошното
работење на друштвото, поврзано со сервисирање на обврските, пред се поради
високиот износ на трошоци за вработени, зависи од финансиската поддршка од
сопственикот“, се вели во наодот на ревизорите.

А, билансот на
успех на Пошта покажува дека ова друштво има навистина фрапантно високи трошоци
за вработените, и дека тие растат од година во година.

Или, во
скенираната 2022 година, Пошта имала трошоци за вработените на сума од дури
15,82 милиони евра, додека, пак, една година претходно, тие изнесувале 15,29
милиони евра. Или, само за една година тие се зголемени за 530 илјади евра.

Инаку, на крајот
на минатата година вкупниот број на вработени во Пошта изнесувал близу 2.000
лица, или прецизно 1.998 вработени, што е намалување во однос на 2.192 лица
колку што биле вработени на крајот на 2022 година, се вели во извештајот.

И, како што
говори финансикиот извештај, а што секако не е најмалку важно, туку е
дртаматично, Пошта, и покрај тоа што лани имала приходи од близу 17 милиони
евра, годината ја завршила со огромна загуба од 3,74 милиони евра. Во 2021
година нејзиниот „минус“ бил нешто помал и тежел 2,86 милиони евра, и токму тоа
е она од што се загрижени ревизорите, дека овој државен загубар не може да
живее без постојаните инфузии од буџетски пари.

Во моментов директорка на Пошта е Бујаре Абази, која на оваа позиција дојде во март годинава, откако од април лани на директорското место беше Васко Стефанов, кој пак, го наследи Јани Макрадули кој раководеше со Поштата се дотогаш.

Н.Н.Ф.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026
Македонија

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026
Македонија

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски

18/08/2026
Македонија

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026
Македонија

Пожар избувна во автобус на ЈСП кај Цветово, возачот го

18/08/2026
Македонија

166 пешаци санкционирани за сообраќајни прекршоци, најголем дел преминувале улица

18/08/2026
Македонија

Стотина пријави за угинати птици пристигнале до АХВ, апел да

18/08/2026
Македонија

Армијата одбележа 34 години: Сиљановска, Мисајловски и Лафчиски со пораки

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45094
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026

На ден 18.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни,

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026

Седумнаесетгодишниот кајакар Благој Гугинов, член на ККК „Арка-Борец“ од Велес, оствари историски успех освојувајќи го деветтото место на Европското првенство

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски службеници

18/08/2026

Министерството за внатрешни работи ги известува сите заинтересирани активни полициски службеници дека од денеска е официјално отворен интерен конкурс за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy