
Денеска и утре невреме со пороен дожд и грмежи – во недела опаѓање на дневната температура
Променливо облачно со локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со услови за повремен дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер. T=34°C. P=975hPa. U=60%. V=6m/s.
Утре во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер кој ќе продолжи и во недела и ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.