Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО – од утре смее да се плаќа само со евра
Регион

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО – од утре смее да се плаќа само со евра

12/05/2024

AA

Денеска истече преодниот рок што го одреди Централна банка во Приштина за почеток на примената на уредбата за забрана на користење на динарот на Косово.

Во Приштина најавија дека од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои за готовински трансакции во Косово користат валути освен еврото, соопшти РТК.

Во преодниот период не беа изречени казнени мерки, туку граѓаните беа информирани за примената на регулативата за готовинско плаќање. Комерцијалните банки кои работат во Република Косово добија инструкции да отворат нови филијали на северот.

Како што соопшти Централната банка на Косово (ЦБК), по 12 мај, сите готовински трансакции каде било во покраината мора да се вршат во евра, јави дописникот на МИА од Белград.

– Валутите различни од еврото може да се користат како вредност за складирање во физичка форма или на банкарски сметки во валути што не се во евра, за извршување на меѓународни плаќања во валути што не се евра и за девизни активности – се наведува во уредбата на ЦБК.

Следната недела во Брисел ќе се одржи седмата по ред рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, на која, како што најави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, главна тема повторно ќе биде „едностраната и незаконска одлука на Приштина да ги укине динарите и платежниот оптек на динари на Косово“.

Петковиќ рече и дека нацрт-статутот на Заедницата на српските општини подготвен од ЕУ може да биде добра основа за продолжување на разговорите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
Македонија

Ер трактор се вклучи во гаснењето на пожарот кај Струмица

22/08/2026
Македонија

Во пожар изгореа четири пчеларници во прилепско, пчеларите бараат помош

22/08/2026
Македонија

Карпош со засилени мерки против комарците поради Западнонилската треска

22/08/2026
Македонија

Плоштад „Македонија“ добива нов изглед: Се уредува запуштената зелена површина

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45191
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката Пука и Италијанецот Окипинти

22/08/2026

Охрид повторно беше домаќин на една од најзначајните пливачки манифестации во регионот – 39. Охридски пливачки маратон, на кој годинава

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот систем“

22/08/2026

Со тактичко-показна вежба, доделување признанија и презентација на специјализираната опрема, Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола го одбележа

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот во Струмица

22/08/2026

Голем пожар попладнево се прошири во атарите на селата Баница и Водоча и месноста Софилар, при што огнената линија стигна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy