Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократски сојуз: Жестока осуда на величењето на Голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар
Македонија

Демократски сојуз: Жестока осуда на величењето на Голема Албанија во с.Сопот и на фудбалскиот натпревар Шкупи – Вардар

06/11/2023

AA

Откако утрово 4NEWS.mk објави за вчерашните изливи на национализам за време на фудбалски натпревар, реакција пристигна и од Демократски сојуз.

Демократскиот сојуз жестоко ги осудува вчерашните изливи на великоалбански шовинизам и величење на Голема Албанија при отворањето на т.н. Меморијален центар – музеј на УЧК во кумановското село Сопот, како и на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Шкупи и Вардар во скопски Чаир.

Прикажувањето карти на Голема Албанија во музејот на УЧК во Сопот, кој го отвори лидерот на ДУИ Али Ахмети и признанието дека на почетокот се бореле за Албанија, но дека сега Албанците биле господари во Македонија, ја подгрева меѓуетничката омраза и го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија.

Истакнувањето пароли на фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар во кои се вели дека Албанците требало да го исполнат историскиот аманет, Скопје да биде срцето на Албанија, е тешка великоалбанска провокација, на која не ѝ местото на спортски натпревар и е наменета единствено да го заплаши мнозинскиот македонски народ.

Демократскиот сојуз ги повикува Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, како и Фудбалскиот сојуз на Македонија, да преземат соодветни прекршочни и кривични постапки против сторителите на овие сериозни националистички и шовинистички провокации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy