Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Демократски сојуз: Ќе се формира македонски ФБИ
Македонија

Демократски сојуз: Ќе се формира македонски ФБИ

30/01/2023

AA

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме. Криминалот е навлезен во сите пори на општественото живеење. Народот не може да создаде толку колку што власта може да растури и украде“, рече пратеникот Павле Трајанов, предлагач на законот за Агенција за борба против тешките облици на криминал и висока корупција на денешната трибина „Системски реформи – борба против организираниот криминал“ .

Со законот се предвидува формирање на независна Агенција, која ќе открива тешки кривични дела од организиран криминал, ќе го открива криминално стекнатиот имот на политичарите, ќе предлага конфискација на имот и забрана за политичко дејствување.

– Заеднички се оценките дека Македонија и натаму се криминализира, дека отсуствува политичка волја за ефикасна борба против криминалот, дека не функционира имунолошкиот систем во државата, а последица е целосна ерозија на институциите на државата. Криминалот полека но сигурно ни ја јаде државата, поради тоа што никогаш досега не постоела вистинска определба кај власта за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција. Најопасен е институционалниот криминал поради кој ниту една реформа не може да се постави на системски основи. Проектот ДЕКРИ го подготвивме во 2005 година, но сите влади досега одбиваа да го имплементираат. Законот за Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и високата корупција е само еден дел од проектот ДЕКРИ, со кој се објавува фронтална војна на институционалниот криминал и високата корупција, со единствена цел, да се пресече во корен ова зло, рече пратеникот Трајанов.

Моторот на организираниот криминал е партизацијата на општеството, бидејќи партиите освен реторика, немаат никаква намера нешто конкретно да понудат во оваа област, истакна професорот од Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев. Како што нагласи, голем проблем во државата се институциите кои го откриваат криминалот, бидејќи статистиките покажуваат многу низок степен на реализација. Оттаму, добредојдена е секоја иницијатива која предвидува формирање независен орган за откривање криминал, истакна Калајџиев.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл смета дека досега не се покажани резултати во борбата против организираниот криминал. Проблемот на политизација на институциите и понатаму постои. Смета дека треба да се побара соодветно решение за системот со цел справување со висока корупција. Според нејзиното мислење, слаба точка се судовите. Потенцира дека сега е вистинското време да се направи сериозен исчекор, инаку и понатаму ќе се соочуваме со неуспех. Очигледно е дека работите остануваат непроцесирани, а сторителите остануваат неказнети, потенцира Тасева.

Владимир Георгиев од ДКСК укажа дека борбата против корупција треба да зајакне, но прашањето е дали за тоа треба формирање ново тело или да се зајакнат постоечките институции.Потенцира дека постојат доволно слабости поради кои никогаш нема да има доволно органи и капацитети за проблемите проврзани со корупција.

Според Новинарот Саше Димовски, неопходно ќе биде сериозна политичка волја за реализација на овој проект. Доколку тоа се обезбеди, судството ќе мора да го следи во чекор, бидејќи без суштински реформи во судството и обвинителството, може да се случи да добиеме уште една институција заглавена во системот.

Заклучувајќи ја трибината, пратеникот и претседател на ДС, Павле Трајанов, меѓу другото, нагласи и дека во расправата во парламентот многу јасно ќе се види кој е за вистинска борба против криминалот, кој пред се го прави власта. Ние ја почнавме оваа „војна“, придружете се ако сакате да имате држава во која ќе владеат законите, а младите ќе создаваат овде во Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
Македонија

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави

25/11/2026
Македонија

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи

25/11/2026
Македонија

📽️ 📷 75 МИЛИОНИ ЕВРА ПОВЕЌЕ И ПОЕВТИН РОАМИНГ СО

25/11/2026
Македонија

И НОЌЕ СЕ АСФАЛТИРА АВТОПАТОТ ДО БОГОРОДИЦА Николоски најави модерен

25/11/2026
Македонија

СТРУМИЧАНЕЦ СИЛУВАЛ 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Полицијата приведе 21-годишен жител на Струмица

25/11/2026
Македонија

„ПРВО АКЦИСКИОТ ПЛАН, ПА ДРУГОТО“ Мицкоски не отстапува од позицијата

25/11/2026
Македонија

ГОЛЕМА АКЦИЈА ПРОТИВ АВТОМАФИЈАТА, ОДЗЕМЕНИ 67 ВОЗИЛА Полицијата проверила речиси

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46933
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ 44 Тошковски најави построг институционален

25/11/2026

Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме да се лажеме и да почнеме да зборуваме отворено. Јас ќе говорам со

БЕСПЛАТНИ ПРАВНИ СОВЕТИ ЗА ЖРТВИТЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Митева најави телефонска линија за жртвите

25/11/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период ќе отвори телефонска линија преку која жртвите на семејно насилство ќе можат

ДОЖД, СИЛЕН ВЕТЕР И НОВ СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ  Обилни врнежи во западна Македонија, температурите ќе

25/11/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во текот на наредните денови. Најмногу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy