
Делови од Кисела Вода утре без вода
Поради премостување од стара на нова мрежа на улица „Димо Хаџидимов“ и улица „Михаил и Ефтихиј“ во Кисела Вода утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од наведените улици.
Како што информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 9 часот до завршување на санацијата на дефектот.

