Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД
Економија

Делегација на романската Амбасада во посета на АЛКАЛОИД

24/10/2023

AA

Делегација на романската Амбасада во
Скопје, предводена од Aмбасадорката Н.Е. Адела Моника Аксинте, оствари работна
посета на АЛКАЛОИДАД Скопје.

Во своето воведно обраќање од официјалниот дел на средбата, Генералниот директор и
Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, ги претстави компанијата,
нејзината основна дејност, производствените капацитети и програма, постигнатите резултати од
работењето, како и континуираните вложувања низ годините, осврнувајќи се и на
големиот број проекти во делот на општествената одговорност.

Истакнувајќи ја главната стратешка определбана
компанијата – глобализација на брендот АЛКАЛОИД – во рамките на средбата посебно беше нагласена важноста на извозните
пласмани и на стабилната пазарна позиција. 

Ставајќи акцент врз извозот во
Европската Унија, каде што компанијата пласира 21 отсто од своето производство, Мукаетов ја
истакна стратешката важност на романскиот пазар како еден од најбрзорастечките
пазари на АЛКАЛОИД, каде што, по неколкугодишно присуство, во 2022 година
компанијата регистрираше сопствено друштво во Букурешт.

Во делот на остварените
резултати на пазарот во Романија, консолидираните продажби од над 8,5 милиони евра, реализирани во првите три
квартали од 2023 година, бележат раст од 63 отсто во споредба со истиот период
лани. Компанијата е присутна со палетата на фармацевтски производи и на
производи за хемодијализа. 

Водечки производ на АЛКАЛОИД на романскиот пазар е
цефалоспоринскиот антибиотик „Панцеф“ (Цефиксим),
кој во Романија има трговско име Xifia и кој емеѓу петте
најпродавани водечки антибиотски брендови на тамошниот пазар. АЛКАЛОИД има
долгогодишна и успешна стратешка соработка со романски компании, меѓу кои Terapia S.A. (дел од индиската SunPharma), како и MagnaPharm.

Членовите на делегацијата, предводени од
амбасадорката Аксинте, при обиколката на производствените капацитети од
сегментот фармација, имаа можност
непосредно да се запознаат со високотонивонаподготвеност и настручностначовечкиоткадар кој управува со
процесите, како и со најсовремената опрема и со модерните услови за работа на
Институтот за истражување и развој на АЛКАЛОИД. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45783
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте порача, Америка е најголема сила,

24/09/2026

Македонската делегација, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за постигнат договор со ОАЕ

24/09/2026

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА ГОДИНАВА Министерот Серафимовски

24/09/2026

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy