Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Делчево одбележува 120 години од смртта на патронот Гоце Делчев
Македонија

Делчево одбележува 120 години од смртта на патронот Гоце Делчев

04/05/2023

AA

Со пригодна свеченост во Делчево одбележани 120 години од убиството на македонскиот револуционер и патрон на градот, Гоце Делчев, кој на денешен ден во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница. По тој повод пред неговиот споменик во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општината, делегација од Советот на Општина Делчево, како и претставници на политички партии, институции и здруженија на граѓаните.

Во рамките на одбележувањето, членовите на Културно-уметничкото друштво кое го носи името на Делчев прочитаа реферат за неговиот живот и дело, осврнувајќи се на членството на Централниот комитет на ТМОРО, во чии рамки Делчев работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Во склоп на програмата за чествување на 120 годишнината од смртта на Делчев, беше поставена и ликовна изложба „Лесновска ликовна колонија“.

– На изложбата се претставени дела со мотиви од природните убавини на лесновскиот крај и околината на Лесновскиот Манастир. На 30-тата Ликовна колонија учествувале 14 уметници зад себе оставајќи свои дела, кои се дел од богатата збирка на уметнички дела, истакнаа од НУ Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ кои ја организираа изложбата.

Денешните активности по повод 120 години од смртта на великанот продолжуваат со целовечерен концерт посветен на Гоце Делчев, а во склоп на програмата за концертот, на кој е предвидено да бидат доделени награди и благодарници за учесници во наградниот литературен конкурс на тема „Гоце – наша ѕвезда водилка“ кој беше распишан од страна на Јавната локална библиотека „Илинден“ во соработка со КУД „Гоце Делчев“.

По повод 120 години од смртта на патронот вечерва трибина „Продолжуваме каде тој падна“ ќе одржи Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВ ЛАДЕН БРАН НИ ДОАЃА ОД СЕВЕР Велигденското утро ќе

08/04/2026
Македонија

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група

08/04/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ

08/04/2026
Македонија

СДСМ И НАТАМУ ПРОДОЛЖУВА ВО ОНА ШТО Е НАЈДОБАР Растурање

08/04/2026
Македонија

3,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ОД САД ЗА ЈАКНЕЊЕ НА МВР Дијалогот

08/04/2026
Македонија

ЗАКОН КОЈ ГО НОСИ ПЕЧАТОТ НА ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Законот за

08/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Од четврток ќе застуди, в

07/04/2026
Македонија

Велев за 4ТВ: Нема доволно терапија за дијабетичарите, сензори нема

07/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42232
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВ ЛАДЕН БРАН НИ ДОАЃА ОД СЕВЕР Велигденското утро ќе не дочека со мраз и

08/04/2026

Во периодот пред и за време на Велигден територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително поладен бран кој

СКАНДАЛ ТЕЖОК 6,5 МИЛИОНИ ЕВРА НА ПОВИДОК ВО УЈП Група од луѓе и фирми на

08/04/2026

Група од десетина луѓе и фирми испумпала 6,5 милиони евра од државниот буџет преку даночно затајување, измама и перење пари

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАВИ ТЕАТАР НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИ ЗА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО Пешевска упати острa

08/04/2026

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска упати остри критики до колешките од опозицијата за нивното однесување на седницата на Комисијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy