Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЕЛ ОД ТУРИСТИТЕ САКААТ ДОМА, ДРУГ ДЕЛ ДА ПРОДОЛЖАТ СО ОДМОРОТ – Започна евакуација на српските туристи од Грција
Регион

ДЕЛ ОД ТУРИСТИТЕ САКААТ ДОМА, ДРУГ ДЕЛ ДА ПРОДОЛЖАТ СО ОДМОРОТ – Започна евакуација на српските туристи од Грција

09/09/2023

AA

Почна евакуацијата на српските туристи од градот Платањас на Волос, каде што туристите останаа заглавени поради големото невреме и поплавите во Грција, изјави вчера помошникот министерка за туризам, Дуња Ѓениќ.

– Во Платањас има 11 државјани на Србија кои со брод ќе бидат превезени до Волос, од каде со автобус ќе бидат превезени до Катерини, каде ќе им биде обезбедено ноќевање, а потоа ќе им биде обезбеден превоз до Србија – објасни Ѓениќ. .

Според неа, евакуацијата на српските туристи ја вршат туристичките агенции од Србија во координација со локалните партнери во Грција и локалните власти.

– Продолжува планирањето на активности за превоз на наши патници од градот Милини, каде вчера беше воспоставено снабдување со електрична енергија. На тоа место моментално има 20 наши туристи кои дојдоа со сопствен превоз – рече Ѓениќ.

Таа додаде дека е воспоставен сообраќај насекаде во континенталниот дел на Грција, како и тоа дека времето се стабилизира. Како што истакна таа, српските туристи не се во животна опасност, а обезбедени се со вода за пиење и храна.

Амбасадорот на Србија во Грција Душан Спасојевиќ претходно изјави дека во делот на Грција каде што се српските туристи нема лица кои се во ситуации опасни по живот. Според него, српските туристи се расфрлани на повеќе места во Грција и има одреден број од нив кои не сакаат да се евакуираат и да се вратат во Србија, како и оние кои сакаат да се префрлат на друго место во Грција и да го продолжат својот одмор. Исто така, додаде тој, има одреден број српски туристи кои останале без автомобили за време на поплавите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
Македонија

СЕ ОТВОРААТ 1.200 РАБОТНИ МЕСТА СО ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП

28/11/2026
Македонија

ЈА ТЕПАЛЕ И ПАРТНЕРОТ И НЕГОВИТЕ РОДИТЕЛИ Девојка на 19

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46983
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од -18 во среда

28/11/2026

Облачно време со повремени локални врнежи, претежно од снег, нè очекува утре, недела, 29 ноември. Во пониските места долж Повардарието

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026

Возило се преврте на планински превој, во тек е акција за извлекување на повредените. Очевидци јавуваат дека сообраќајна незгода се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy