Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дебаклот комплетиран: Работнички без победа ги заврши квалификациите
Спорт

Дебаклот комплетиран: Работнички без победа ги заврши квалификациите

05/10/2023

AA

И по 20 години, Работнички останува без триумф во европските купови откако не ја искористи шансата да го скрши малерот на квалификацискиот турнир за ФИБА Европа купот што сам го организираше.

По поразите од Рапид и Сабах, тимот од Градски парк денеска загуби и од Донар Гронинген, тим кој во текот на летото се наоѓаше на работ на егзистенција. Холанѓаните во Скопје победија со 65-62, а не е изговор ни тоа што натпреварот немаше резултатско значење бидејќи ниедна од двете екипи немаше шанса за првото место во групата.

Загрижувачка неефикасност беше забележана во првото полувреме во кое Работнички постигна само 25 поени и на пауза замина со негатива од седум разлика. Ништо подобро не беше ниту во продолжение, па дури во последната четвртина се разбудија домашните кошаркари и во неа постигнаа безмалку половина од вкупниот број поени (27). Сепак, будењето беше задоцнето бидејќи Донар на седум минути пред крајот имаше предност од 11 поени (50-39).

Трајс и Џелетовиќ беа единствени со двоцифрен број поени, Американецот постигна 12, а Србинот 11. Работнички сега може да се насочи кон обврските во домашното првенство бидејќи веќе в сабота го очекува дербито против Пелистер во Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy