
Де Хеа и покрај многуте киксови ќе остане на голот на Манчестер Јунајтед!
Чуварот на мрежата ќе стави потпис на нова четиригодишна обврска за престој на „Олд Трафорд“, но за далеку помала плата од досега. Тој неделно ќе заработува 200.000 фунти, што е речиси двојно помалку во однос на досегашните примања во износ од 350.000 фунти на секои седум дена.
Ова е помалку изненадувачка одлука на Јунајтед со оглед на големиот број грешки кои Де Хеа ги направи сезонава. Поради тоа, тренерот Ерик Тен Хаг не се откажува од идејата да купи уште еден квалитетен голман, кој би му бил сериозна конкуренција на Шпанецот и кој би можел да го замени ако влезе во серија грешки. „Ѓаволите“ летово ќе се разделат со еден од чуварите на мрежата, Дин Хендерсон, кој сезонава беше на позајмица во Нотингем Форест, кој сака да го откупи за околу 25 милиони фунти.