Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ова е Сириецот кој избоде деца во Франција, го извикувал името на Исус
Македонија

Ова е Сириецот кој избоде деца во Франција, го извикувал името на Исус

08/06/2023

AA

ШВЕДСКИОТ дневен весник Афтонбладет пишува дека 31-годишниот Сириец, кој утрово во францускиот град Анеси тешко повреди со нож четири деца и двајца возрасни, живеел во Шведска од 2013 година.

Тој имал дозвола за постојан престој во Шведска врз основа на право на азил. Во меѓувреме неколку пати аплицираше за шведско државјанство, но секој пат беше одбиен. Последното барање го упати минатото лето, но тој случај се уште не е решен.

Жената тврди дека четири месеци не знае ништо за него

Афтонбладет пишува дека Сириецот „живеел уреден живот“, а единствениот контакт со правосудниот систем бил пред неколку години кога бил казнет поради злоупотреба на социјалните бенефиции и стипендии.

Тој сè уште бил регистриран во мало гратче во западна Шведска, каде што живеел заедно со неговата 26-годишна сопруга и едно дете. Неговата сопруга тврди дека четири месеци не слушнала ништо за него.

Во моментот на апсењето со себе имал крст и христијански молитвеник

Повикувајќи се на француски извори, Афтонбладет пишува дека напаѓачот од Анеси при апсењето имал крст и христијански молитвеник, а во барањето за постојан престој во Франција тој наводно се декларирал како „христијанин од Сирија“.

При денешниот напад на децата во паркот, Сириецот го повикал името на Исус Христос.

Застрашувачкото видео покажува што направил

За потсетување, четири мали деца и двајца возрасни се повредени во напад со нож во парк во Анеси, град на француските Алпи.

Избодените деца се на возраст од 22 месеци до три години, соопшти полицијата. На социјалните мрежи се појави страшна снимка од нападот, на која се гледа како вознемирен напаѓач со нож во рака бара и прободува деца на детско игралиште, а се гледа и како прободува дете во количка. Видеото е крајно вознемирувачко и нема да го објавиме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГО ОХРАБРУВАМЕ ФИЛИПЧЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГО ВОДИ СДСМ На

25/09/2026
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy