
Дејан Митески прогласи победа во Аеродром
Кандидатот за градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески прогласи победа на вториот круг локални избори во оваа Општина.
Митрески напомена дека победи со 18.000 гласови.
„Благодарам за можноста која ми ја дадовте. Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба. Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме“, напиша Митески.

