Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ
Македонија

Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западниот Балкан од членството во ЕУ

27/02/2026

AA

Во рамки на официјалната посета на албанскиот претседател во земјава, денеска во Скопје се одржа заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот албански колега Бајрам Бегај, на која беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката определба за европска иднина.

Сиљановска-Давкова истакна дека посетата претставува уште една потврда за традиционално пријателските односи меѓу двете земји, нагласувајќи дека тие се темелат врз меѓусебна почит, доверба и партнерство. Таа посочи дека политичкиот дијалог се одвива во дух на отвореност и разбирање и дека меѓу двете држави нема отворени прашања, што, според неа, создава силна основа за продлабочување на соработката во сите области.

Иако функциите на претседателите се претежно церемонијални, Сиљановска-Давкова потенцираше дека како претставници на граѓаните имаат одговорност да го следат прогресот на државите, вклучително и економската соработка. Таа оцени дека постои простор за зголемување на трговската размена и инвестициите, како и за подобрување на инфраструктурната поврзаност и олеснување на прекуграничните процедури. Како позитивен пример ја наведе соработката меѓу царинските управи на двете земји, кои нашле решение за непречен транспорт поради блокадата на граничниот премин Ќафасан, со пренасочување преку Блато.

Европската интеграција беше една од клучните теми на разговорите. Претседателката нагласи дека двете земји се цврсто определени за членство во Европската Унија и дека реформите, владеењето на правото и борбата против корупцијата се суштински за напредокот. Таа предупреди дека билатерализацијата на евроинтегративниот процес и отворањето идентитетски и историски прашања може да го усложнат пристапувањето на земјите од Западен Балкан, оценувајќи дека членството во ЕУ е најголемата инвестиција во стабилноста на регионот.

Во контекст на безбедносните предизвици, беше истакната и одличната соработка во рамки на НАТО. Сиљановска-Давкова подвлече дека партнерството во Алијансата е од особена важност во време на глобална неизвесност и дека двете држави ќе продолжат да придонесуваат кон зачувување на мирот и стабилноста.

Посебен акцент беше ставен и на соработката во образованието и науката, со оглед дека дел од делегацијата бил и ректор на албански универзитет. Според претседателката, поврзувањето на академските и културните институции ќе придонесе за подлабоко меѓусебно разбирање и зацврстување на пријателството меѓу двата народа.

На крајот, Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Бегај за посетата, оценувајќи дека средбата претставува поттик за уште поинтензивна билатерална соработка и дополнително продлабочување на заемната поддршка меѓу двете држави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45699
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Еден поротник си заминал,

21/09/2026

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ 250.000 ЕВРА ВО ТЕТОВСКО Полицијата

21/09/2026

Сеф тежок околу 400 килограми, пари, златен накит и оружје се дел од пленот во серијата тешки кражби во тетовско,

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА ДА БЕГА Притворот му истекува

21/09/2026

Првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, понудил недвижен имот проценет на околу 200.000 евра како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy