Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Даниловски им порача на КЗБ ако не се способни да си одат дома: Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид „во иднина“…
Македонија

Даниловски им порача на КЗБ ако не се способни да си одат дома: Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид „во иднина“…

26/09/2023

AA

Епидемиологот д-р Драган Даниловски преку социјалните мрежи упати реакција до Комисијата за заразни болести.

Реакцијата следува откако во јавноста беше објавено дека нема набавка на лекот за Ковид, Паксловид.

„На Комисијата за заразни болести се дискутирало да се набави лекот против Ковид-19, Паксловид ама не сега, туку во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи. Министерството за здравство навело дека набавката ќе оди лесно и дека во моментот кога ќе побараат количини од производителот, ќе има доволно на располагање. Дали сте, бре, нормални? Ќе сте набавеле Паксловид „во иднина, ако се зголеми бројот на позитивни случаи“? Набавката ќе одела „лесно“?

Тактизирате, а? Зошто?

Сте чуле ли дека со зголемување на бројот на позитивни случаи, пропорционално расте и веројатноста да се зголеми бројот на случаи со тешка клиничка слика кои бараат хоспитализација, како и бројот на умрени?“, прашува Даниловски во напишаното.

Сте чуле ли дека Паксловид се дава кај ризични пациенти со лесна и средна клиничка слика во првите пет дена од почетокот на симптомите, токму за да се спречи да не добијат тешка клиничка слика и да завршат во болница или на гробишта? Како тоа да се спречи, ако немаме Паксловид?

Конечно, сте чуле ли дека веројатноста за појава на „пост-Ковид“ синдромот („долг Ковид“) е поголема кај оние со тешка клиничка слика?
Дали воопшто знаете колку ризични поединци во моментов имаат респираторни инфекции? Не знаете.

Дали знаете дека бројот на „настинки“ постојано расте? Е, тоа го знаете. И ќе расте сѐ повеќе.

Ако Паксловидот веќе го имавме на располагање, ќе можевте да му советувате на Министерот за здравство да ги повика ризичните поединци да се тестираат – самостојно или кај својот матичен лекар. Па, ако се утврди Ковид-19, матичниот лекар да процени дали смеат да се лекуваат со Паксловид. И тие што би смееле да го земат, би биле спокојни.

Како тоа да се спроведе ако немаме Паксловид?

Дознавам од мои извори дека неделава ќе сте собирале некаква работна група од клиничари за да ги „апдејтира“ лековите? Работна група? За што? Да проценува дали е потребно да се набави Паксловид?

Кои ќе бидат критериумите за донесување одлука за набавка? Бројот на потврдени случаи на Ковид-19? Или бројот на хоспитализирани? Или бројот на смртни случаи?

Колку време ќе биде потребно за набавка? Недела, две, месец, два?

Во тоа меѓувреме, колкумина ризични граѓани (ако се заразат) ќе бидат изложени на (избеглив) ризик да завршат во болница? Или на гробишта? Кој ќе сноси одговорност за тоа?

Четирите принципи на медицинската етика се:

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy