Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО ВООПШТО ВО СВЕТОТ СЕ СЛАВИ ПРВИ МАЈ – еве од каде сѐ почна и зошто Амеариканците не го одбележуваат тој датум
Економија

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО ВООПШТО ВО СВЕТОТ СЕ СЛАВИ ПРВИ МАЈ – еве од каде сѐ почна и зошто Амеариканците не го одбележуваат тој датум

02/05/2023

AA

Меѓународниот ден на трудот или 1 мај се слави во спомен на стотиците илјади американски работници кои излегоа на улиците на Чикаго на денешен ден во 1886 година барајќи осумчасовен работен ден.

По три дена протести, на 3 мај дојде до пресметка со полицијата кога беа убиени четворица синдикалци. Разгневени од полициската бруталност, група анархисти, предводени од Аугуст Спајс и Алберт Парсонс, ги повикаа работниците да се вооружат и да продолжат со протестите.

Следниот ден, лице чиј идентитет никогаш не е утврден (се верува дека е полициски агент-провокатор) фрли бомба во која загинаа 7 и повреди многу полицајци. Осум анархисти, меѓу кои и Парсонс и Спајс, беа уапсени од градските и државните власти, обвинети за убиство и осудени на смрт.

Додека погребната поворка на Парсон минуваше низ градот, околу 250.000 луѓе беа на улиците на Чикаго за да им оддадат почит и да ја изразат својата солидарност со неправедно погубените работници.

На Првиот конгрес на Втората интернационала, одржан во 1889 година, беше одлучено 1 мај да стане заеднички празник за сите работници во светот. За работниците и синдикалците ширум светот, тој претставува ден на солидарност и борба за подобри работни услови што продолжува и денес.

Денот на трудот во овие региони го доживеа својот полн сјај дури со доаѓањето на комунистичките власти, кога стана еден од централните национални празници.

Големи воени паради се одржауваа и се течеше во знакот на петокраката, чеканот и српот, тробојката на другарот Тито и неговите другари.

Во тој период, Денот на трудот, иронично, станува неработен ден и  1 мај почнува да значи големи прослави со пијалоци и многу скара.

Оние малку повозрасните денеска ќе ви кажат дека тоа бил најсреќниот семеен празник и дека искрено го очекувале. Се обновувала гардеробата, се купувале подароци, присуствувале на претстави и настани.

И така со децении… 

Зошто Американците не го слават Први мај?

Иронично, земјата во која симболично се „роди“ 1 мај денеска не го слави овој празник. По Октомвриската револуција, 1 мај стана национален празник на СССР, а потоа и на сите комунистички земји.

Поради овие конотации, несоодветни за капиталистичка држава, за време на бранот на „плашењето на црвениот змеј“, работничките движења на САД се откажаа на 1 мај. Денеска, првиот понеделник во септември во оваа земја се слави како Ден на трудот.

Извор: Блиц.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy