Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали знаете зошто Кирил и Методиј се прогласени за светци? Браќата кои го изменија светот
Македонија

Дали знаете зошто Кирил и Методиј се прогласени за светци? Браќата кои го изменија светот

24/05/2023

AA

Денот 24 мај е светол празник, кој го одбележува културниот развој на словенските народи преку ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, кои се основоположници на словенската писменост и литература. Поради големите заслуги биле канонизирани за светци набргу по нивната смрт. Не случајно денес за браќата Кирил и Методиј се користат разни атрибути, како првоучители, рамноапостоли, браќата што го изменија светот. Папата Јован Павле Втори во 1980 година ги прогласил за созаштитници на Европа поради нивната мисионерска дејност преку која ги обединиле Истокот и Западот на Европа.

Во нивната биографија ќе остане запишано дека биле родени во Солун, Македонија, како Константин и Методиј. Моравската мисија е најзначајниот дел од нивниот животен пат, која почнала на барање на моравскиот кнез Ростислав за да го реши политичкото и црковното прашање во државата. Замолил да му пратат учители кои божјото слово ќе го проповедаат на разбирлив словенски јазик. Пратените мисионери биле Кирил и Методиј. Словените немале букви, па така Кирил морал да состави и азбука од 38 букви и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата), за првите преводи од грчки на словенски јазик Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината. Во Брегалничката мисија пак, според легендата, тој покрстил 54.000 Словени. Кирил починал во Рим во 869 година и денес неговите мошти почиваат во римската црква „Свети Климент“. Методиј починал во 885 година и бил погребан во моравската престолнина Велеград.

Во согласност со Законот за празниците во земјава, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy