
Дали Трајко Славески ќе биде нов гувернер?
Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески, сега актуелен претседател на Советот на Град Скопје и професор на Економскиот факултет, најверојатно е предлогот за гувернер на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Зад себе тој има богата академска и политичка кариера. Редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ.
Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и има учествувано во изработката на програмските документи на партијата.
Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангелоска- Бежоска завршува денеска, но според законските одредби, фунцијата ќе ја извршува до изборот на новиот гувернер. Нејзината работа во изминатите седум години е оценета како успешна.