Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДАЛИ СОСЕДИТЕ ЌЕ НИ ГИ „КРАДАТ“ РАБОТНИЦИТЕ? Со отворањето на границите ќе имаа поголема раздвиженост
Економија

ДАЛИ СОСЕДИТЕ ЌЕ НИ ГИ „КРАДАТ“ РАБОТНИЦИТЕ? Со отворањето на границите ќе имаа поголема раздвиженост

25/09/2023

AA

Предностите и маните за македонската
економија, но и за нашите работници од интеграцијата на пазарите на земјите кои
се дел од проектот „Отворен Балкан“. Дали има опасност македонските работници
да избегаат во соседните земји за подобра плата? Овие аспекти ги анализираа
Деспина Туманоска од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс
тинк“ и професорот од Американ колеџ Скопје, Марјан Петрески. Нивните сознанија
се преточени во студијата насловена „Предуслови за мобилност на работната сила
при регионална економска интеграција: Предности и ндеостатоци од македонска
перспектива“, при што утврдиле дека подлабокото
регионално интегрирање на пазарите на труд во Западниот Балкан носи предности,
но и закани.

– 
Иницијативата
„Отворен Балкан“ има за цел забрзување интеграција во Европската унија на трите
земји Македонија, Србија и Албанија и истата е исклучително важна за
македонската економија и треба да овозможи побрзо структурно прилагодување на
предизвиците што ги носи отворениот пазар на труд.
Ефектот на иницијативата врз
домашниот пазар на труд зависи од моменталната состојба, но и од желбата на
креаторите на политиките да се спроведат структурни промени. Слободното движење на работниците е едно од
начелата на кои се темелат сите претходни и сегашни иницијативи за регионална
економска интеграција на Западниот Балкан, и може да биде од значаен интерес со
оглед на недостигот на работници и вештини со кои се соочуваат овие земји – се
наведува во анализата.

Резултатите покажуваат дека на македонскиот пазар има вишок
на работници кај професиите со повисоки квалификации, со исклучок на
работниците од информатичко-телекомуникациски дејности,
достигнувајќи максимум
во образовните (педагошките) занимања, каде на едно слободно работно место има
до 71 невработено лице. Од друга страна, за шест од осум занимања со пониски
квалификации недостигаат работници, што е особено изразено за услужните и
основните работници.
Аналитичарите посочуваат дека ова е поврзано со фактот
дека речиси 60 отсто од регистрираните невработени лица се без одредено
занимање, со ниско или без образование.

– 
Пресметките покажаа дека во соседна Србија премијата за
плата во однос на Македонија е многу мала, речиси незначителна и, оттука, нема
да предизвика значајна мобилност на македонските работници. Сепак, за секторите
кои се од сезонска природа и имаат циклична потреба од работници, може да се
појават значајни разлики во платите. Со оглед дека занимањата со пониски
вештини се истовремено и дефицитарни на македонскиот пазар на труд, подлабоката
регионална интеграција може да доведе до продлабочување на недостигот од вакви
работници
– се истакнува во анализата.

Иако регионалната економска интеграција има свои
предности, аналитичарите посочуваат оти е важно да се направат структурни
реформи во домашната економија, со цел намалување на разликите во понудата и
побарувачката на работна сила и задоволување на потребите на пазарот на труд,
пред се’ со домашни работници.

– 
Генерално, регионалната економска интеграција која се
темели на четирите основни начела за слободен проток на капитал, стоки, услуги
и луѓе, им помага на земјите да ги надминат ограничувањата на економскиот раст
создадени од лошата инфраструктура, неефикасните политики, географската
припадност и демографските промени. Слободното движење на работниците е една од
клучните слободи на регионалната економска интеграција која ја зголемува
мобилноста на работната сила. Според последните податоци, речиси 162 милиони
луѓе се преселиле во друга земја во потрага по вработување, а очекувањата се
дека овој тренд ќе продолжи поради јазот во платите меѓу земјите, брзото
стареење на работната сила во некои земји и технолошкиот развој што им олеснува
на иселениците да останат поврзани со своето семејства – се наведува во
анализата.

Аналитичарите посочуваат дека е потребно приспособување
на политиките за да се спречи зголемување на бројот на работници во вишокот
занимања, кои, неможејќи да најдат соодветно вработување емигрираат.
Според
нив, потребно е редовно следење  и дизајнирање
активни политики за соодветни квалификација на работници без занимање.

– 
АВРМ треба да дизајнира и испорача проверени
курсеви за обука и модули на работниците без занимање и опремување нив со
квалификации погодни барем за оние со ниска вештина занимања. Бизнис секторот
треба да овозможи побројни и поинтензивни можности за обука на работното место
за работници без одредено занимање  –
истакнуваат аналитичаите.

Исто така се препорачува интензивирање на
услугите на пазарот на трудот за кариерно советување и насочување на учесниците
во средното образование, со цел да се намали понудата на работници кои се
моментално во вишок, како научен и инженерски соработник професионалци и
правни, социјални и културни професионалци. Креирање наменски образовни
политики за да се насочи креирањето на работници во дефицитарните занимања, со
што се намалува потребата за увоз на странски работници.

– 
Дизајнирање наставни програми кои го
одразуваат пазарот на трудот потребите и интензивирање на учеството на бизнисот
сектор во процесот на дизајнирање. Стеснување на празнините на пазарите на труд
во планските региони, преку повеќе можности за вработување во домашните
економија и намалување на потребата од емиграција. Зголемување на атрактивноста
кај големите компании и странските инвеститори кои отвораат нови работни места.
Насочување на потенцијалните инвеститори во технолошко индустриските зони
лоцирани во региони со голем број невработени лица со цел порамномерен
регионален развој – се советите на аналитичарите.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало

09/08/2026
Македонија

Полицијата му дошла на помош, тој ги нападнал: Приведен 17-годишник

09/08/2026
Македонија

Во стан во Карпош пронајдена почината 45-годишна жена

09/08/2026
Македонија

Запленето товарно возило поради нелегален ископ на песок во неготинско

09/08/2026
Македонија

Приведен 19-годишник од Кочани поради неовластено правење и споделување експлицитни

09/08/2026
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САЕ „Тигар“ и полицијата трагаат по 71-годишно лице кое исчезнало во водите на Преспанското Езеро

09/08/2026

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од

Полицијата му дошла на помош, тој ги нападнал: Приведен 17-годишник во центарот на Скопје

09/08/2026

На 08.08.2026 во 08:00 часот во Полициската станица Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од скопско.

Во стан во Карпош пронајдена почината 45-годишна жена

09/08/2026

На 08.08.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на Карпош била пронајдена почината

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy