Дали Коста Кецмановиќ сакал да избега – српската полиција одговори што се случило
Медиумите објавија дека Коста Кецмановиќ, момчето кое изврши масакр на 3 мај во своето училиште во Белград, се обидело да избега од Психијатриската клиника. Според српските медиуми, по сведочењето во судот, момчето се обидело да избега.
Министерството за внатрешни работи на Република Србија денеска објави соопштение во кое ги демантира наводите на медиуми за обидот за бегство. Велат дека секоја можност за бегство е целосно невозможна.
„Министерството за внатрешни работи соопштува дека не се точни тврдењата на одредени медиуми дека К.К. (14) се обидел да избега од здравствената установа во која се наоѓа откако на 3 мај годинава во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград изврши кривично дело. Нагласуваме дека малолетниот К.К.е под 24-часовен полициски надзор, со што секаква можност за бегство е целосно невозможна“, стои во соопштението од српското МВР.
Коста уби 9 соученици и чуварот во училиштето. По овој масакр, се случи уште еден во Младеновац. Таму 21 годишно момче уби повеќе луѓе. По масакрите, имаше и наплив на дезинформации во српските медиуми.