Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали конечно управната зграда на Еуростандард Банка ќе добие нов сопственик, а доверителите ќе бидат обештетени!
Економија

Дали конечно управната зграда на Еуростандард Банка ќе добие нов сопственик, а доверителите ќе бидат обештетени!

15/11/2023

AA

Доверителите се
за продажба на

управна
та зграда на Еуростандард Банка. По мислењето од
Апелациониот суд, стечајниот управник треба само да ја потврди одлуката. У
правната зграда на Еуростандард Банка добива нов сопственик!
Пантелеон ГС од овде ќе работи за америчкиот пазар.

Многу е веројатно дека
поранешната управна зграда на Еуростандард Банка конечно ќе добие нов
сопственик! Во петок (17.11.2023) одборот на доверители на Еуростандард Банка
повторно ќе одлучува по повод третата јавна лицитација, и ќе гласа за брза
продажба на зградата на Еуростандард Банка, во надеж дека брзо потоа ќе започне
и обештетувањето на сите доверители.

“На последното собрание на
доверители на Еуростандард Банка одржано на 15.09.2023 по повод третата јавна
лицитација, 88,1% доверителите биле eдногласни дека е потребна брза продажба на
деловната зграда на Еуростандард Банка. На тој став бил и Фондот за осигурување
депозити како најголем доверител на Еуростандард Банка и институција која има
право на средствата од нејзината стечајна маса, како и Стопанската Комора, како
и останатите 20 најголеми доверители
”, изјави правниот застапник на еден од доверителите.

Мнозинството на доверители и со
соопштение деновиве се изјаснија дека последната понуда од 5,4 милиони евра е
прифатлива и дека е дојдено конечно време да се затвори ова прашање. Ова
очекување е реално, а се поткрепува и со одлуката на Апелациониот суд да ја
прифати жалбата на еден од доверителите, поврзана со одлуката на стечајната
судијка за поништување на лицитацијата, а по добиената препорака од стечајниот
управник за повторна процена на вредноста на зградата, а со тоа и за
одолговлекување на целиот процес. Апелациониот суд донесе одлука дека
стечајната судијка постапила спротивно на мнозинските интереси, и на деловникот
за работа, и дека гласањето треба да се спроведе.

Стечајниот судија, и стечајниот управник овојпат треба да го поддржат
мнозинството, одлуките на институциите и да ја потврдат продажбата, за да по 3
години, конечно доверителите бидат обесштетени.

Пантелеон ГС победи на
наддавањето на третата по ред електронска аукција за овој деловен простор, со
понудени 5,4 милиони евра. Сега понудата треба да биде прифатена од собранието
на доверители, а од прибраните пари да се обесштетат доверителите на пропадната
банка.

Станува збор за реномирана и
респектабилна брзо растечка македонска аутсорсинг компанија која работи за
компании на американскиот пазар. Компанија која има амбициозни планови за раст
и развој, и која во најскоро време сака и да го удвои бројот на вработени кој
во моментов брои над 110 талентирани професионалци од различни области.

Предходно реномираната и
интернационална  ревизорската куќа РСМ
Македонија објектот го процени на 5,3 милиони евра. Канцеларискиот простор е
1977 м2, додека 1512 м2 се под земја наменети за трезор, архива, помошни простории
и 20 паркинг места. Објектот има вкупна површина од 3489 квадратни метри, не се
продава парцијално туку целосно, и навистина станува збор за голем износ на
средства за македонски услови кои треба да се издвојат за овој деловен објект.

Добро упатените во случајов велат
дека ова е последена шанса за продажба на зградата, бидејќи ако не се изгласа сега,
ќе следи распределба на зградата на удели на преку 3.000 доверители, физички и
правни лица, што автоматски значи
дека идната продажба
на зградата ќе биде практично невозможна. Управната зграда ќе продолжи да ја намалува својата вредност и ќе пропаѓа. Во таков случај,
освен доверителите, во загуба ќе биде и државата.

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат,

19/09/2026
Македонија

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА

19/09/2026
Македонија

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори,

19/09/2026
Македонија

ХУМАНОСТА КАКО ТРАДИЦИЈА • „АЛКАЛОИД“ СО НОВА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВЈЕТО

19/09/2026
Македонија

УАПСЕН 26-ГОДИШЕН МАНИЈАК ОД ВЕЛЕС Полицијата му го претресе домот

19/09/2026
Македонија

ПРЕГАЗЕН ПЕШАК НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА Млада возачка удрила во 63-годишен

19/09/2026
Македонија

ИСТЕЧЕ ПЛИН ОД БЕНЗИНСКА МЕЃУ ОХРИД И СТРУГА Дефектот е

19/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ПРИТВОР ЗА ТРОЈЦАТА ШТО ЗАПАЛИЈА КАБЛИ НА ДЕПОНИЈАТА

19/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45682
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗНАМ ПРОМОВИРАШЕ ПУБЛИКАЦИЈА СО ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО Нека го читаат, нека го критикуваат, нека кажат

19/09/2026

Движењето ЗНАМ денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од партијата во изминатите две

ОБВИНЕНИЕ ЗА 6 ЛИЦА ЗА ИЗДАВАЊЕ ЛАЖНИ ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА АВТОБУСИ И ЗА КАМИОНИ Под

19/09/2026

Јавен обвинител од ОJO Скопје поднесе oбвинителен предлог против 6 лица за продолжени кривични дела Фалсификување исправа, од член 378

ЗНАМ ОЧЕКУВА УШТЕ ЕДЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР Во игра се неколку ресори, одлуката е на Мицкоски

19/09/2026

  Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата. Претседателот на партијата, Максим Димитриевски вели дека тоа би

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy