Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Дали е дозволено католиците да бидат масони? Пристигна конечниот одговор од Ватикан
Македонија

Дали е дозволено католиците да бидат масони? Пристигна конечниот одговор од Ватикан

17/11/2023

AA

Во средата, Ватикан ја потврди забраната според која католиците не смеат да станат масони, односно членови на вековното тајно друштво на кое Католичката црква долго време не гледа позитивно и кое брои до шест милиони членови ширум светот.

„Активното членство на верниците во масонството е забрането поради непомирливоста на католичката доктрина и масонството“, се вели во писмото на Конгрегацијата за доктрина на верата на Ватикан, објавено од ватиканските медиуми во средата.

Писмото, со датум од 13 ноември и потпишано од папата Франциско, е одговор на филипинскиот бискуп, кој е вознемирен од се поголемиот број масони во неговата земја.

Конгрегацијата минатата недела објави дека трансродовите луѓе можат да се крстат, кумови или сведоци на католичките свадби.

Во писмото за масоните се споменува декларација од 1983 година, потпишана од покојниот папа Бенедикт XVI, тогашен префект на Конгрегацијата за доктрина на верата, според која католиците „во масонските здруженија се во тежок грев и не можат да се причестат“.

Масонските ложи се претежно исклучиво машки асоцијации, поврзани со мистериозни симболи и ритуали. Тие понекогаш се поврзуваат и со теории на заговор, според кои овие братства во голема мера влијаат на светските настани.

Според Обединетата голема ложа на Англија, современото масонство „е една од најстарите општествени и хуманитарни организации во светот“, вкоренето во традициите на средновековните каменорезери.

Групата тврди дека има 180.000 машки членови, со две женски ложи во Англија со дополнителни 5.000 членови, а проценува дека има околу шест милиони масони во светот.

Здружението го наведе принцот Филип, сопруг на покојната кралица Елизабета, поранешниот премиер Винстон Черчил, починатиот актер Питер Селерс, поранешниот англиски фудбалски тренер Алф Ремзи и писателите Радјард Киплинг и Артур Конан Дојл како познати масони од историјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ: Две години мандат на Тошковски донесоа распад на безбедносниот

27/06/2026
Македонија

Никогаш не трчајте кон излезот и не користете лифт: Ова

27/06/2026
Македонија

Силните потреси во Венецуела предупредување и за Македонија: Подготвеноста спасува

27/06/2026
Македонија

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43979
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy