
Дали Црна Гора е пред банкрот?
Црна Гора не е пред банкрот, тврди премиерот Дритан Абазовиќ. Вели дека Владата работеше во шеста брзина сите 365 дена.
„Бруто домашниот производ (БДП) во Црна Гора во 2022 година изнесуваше рекордни 5,8 милијарди евра, дека невработеноста е намалена, а минималната плата изнесува 450 евра, што е убедливо највисока во регионот, што е и случај со просечна плата од 771 евро“, рече Абазовиќ.
Тој вели дека по 40 години се градат нови здравствени установи, дека се создадени услови за изградба на 33 нови инфраструктурни објекти, меѓу кои и мостот на Ада Бојана, што ќе ги поврзува Црна Гора и Албанија, како и аеродромот во Беране. Целта на Црна Гора е да стане земја членка на Европската Унија(ЕУ).
