
ДАЧИЌ ЗА МЕРКЕЛ: Таа обожаваше сарми
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ вели дека за време на неговите посети во странство, посебно во Азија и Африка имал можност да проба многу јадења од егзотични животни како кенгур, змија, леопард, но и дека ништо не може да ја замени домашната традицонална кујна.
Во тоа се увериле и политичарите кои доаѓаат во Србија. Една од нив е и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел.
„Таа обожаваше сарми. За време на неколкуте средби што ги имавме таа најпрво се фаќаше за сармите“, откри Дачиќ.
Инаку, Дачиќ е политичар кој често пееше пред странските политичари кои доаѓаа во посета на Србија.
