Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Да го држиш „ФЕНИ“ во кома чини 10.000 евра дневно! Зошто доверителите нема да дигнат раце?
Економија

Да го држиш „ФЕНИ“ во кома чини 10.000 евра дневно! Зошто доверителите нема да дигнат раце?

23/11/2023

AA

Сакал, несакал најголемиот доверител на „Еуроникел индустри“ нема математика да го остави комбинатот без струја. Иако таа дневно ќе го чини 10.000 евра. Џокерот за животот на „ФЕНИ“ е неговата печка која мора да се одржува топла, а со неа и комбинатот жив. Ако запре струјата згурата ќе се скамени, печката ќе остане нефункционална, а најголемиот доверител нема да најде нов купувач од кој ќе добие гаранција за наплата на триесетина милиони евра и ветување за исплата на уште 70 милиони евра. Сакале, не сакале доверителите сега се грижат даваат надеж и за иднината на повеќе од 1.200 семејства кои директно или посредно егзистираат од „Еуроникел индустри“

„Еуроникел индустри“ (поранешниот гигант ФЕНИ) ќе добива минимум струја потребна за одржување на функционалноста на топлиницата за никел во периодот додека не се најде превземач на неговите долгови, се согласуваат познавачи на состојбите во единствената македонска топлиница за производство на никел кои сакаат да останат анонимни.

Економската логика укажува на заклучок дека ниту еден од доверителите на топилницата за никелова руда нема интерес да згасне печката за топење на никелова руда. Тоа значи дека производствениот процес во таа компанија нема да може да се обнови. А тоа пак значи дека сите на кои ФЕНИ им должи треба да се простат од своите побарувања во комбинатот. Како што веќе „Фактор“ напиша обврските на „Еуроникел индустри“ официјално според податоците од билансот на состојба биле 87 милиони евра на крајот на 2022 година.

Доброупатените познавачи на состојбите, кои за жал инсистираат да останат анонимни, оценуваат дека во овој момент комбинатот должи по сите основи нешто повеќе од 100 милиони евра.

Но доверителите на ФЕНИ немаат избор затоа што ако се исклучи струјата и згасне печката рестартот на топилницата ако може да се изведе ќе чини многу пари. Дури во такви услови тешко дека некогаш ќе се најде сериозна фирма од областа на производството на никелова руда. А такви во светот сега се помалку од 30 компании со се нивните мали сателитски фирми кои претежно се бават со трговија или ризични аквизиции.

Колку доверителите ги чини струјата за ФЕНИ?

Минималната потребна количина на електрична енергија за да се одржува топла печката на „Еуроникел“ е 5 мегаватчасови. Тоа значи 120 мегаватчасови дневно (односно на 24 часа). Претворено во пари по актуелни берзански цени за купена банд енергија трошокот на дневно ниво би дошол околу 10.000 евра за струја за да не угасне печката на ФЕНИ. Гасењето на печката односно прекинот на топлењето значи ладење, грутчување и потоа скаменување на смесата односно рудата што се топела во печката. Ако тоа се случи, познавачите велат, дека ако може да се стави во функција ќе треба да се минира скаменетата маса.

По актуелните очекувани цени на берзите во комбинација со историски податоци за пазарните цени излегува дека доверителите на „Еуроникел индустри“ за една година одржување на печката треба да спремаат околу 3,5 милиони евра.

Има ли олеснителна околност што може да го намали нивниот трошок?

Да има, за среќа на доверителите. Тоа се компаниите снабдувачи со електрична енергија односно операторите на балансни групи. Затоа што на нив секогаш им е добродојден фикс во балансната група односно потрошувач кој во секое време превзема исто количество струја. Тоа им ја олеснува работата да немаат дебаланси односно да отстапуваат од номинациите за предадена односно примена струја, за кои отстапувања МЕПСО како оператор на системот наплаќа казни односно пенали. Токму потрошувач како ФЕНИ е многу корисен во балансна група за полесно планирање. Токму со ова доверителите на „ФЕНИ“ додека чекаат „принц на бел коњ за комираната Снежана“ ќе можат и да заштедат некое евро.

Комбинатот „Еуроникел индустри“ е најголемиот поединечен потрошувач на струја во Македонија откако од пред некоја година престана да работи „Југохром“. „ФЕНИ“ има инсталиран капацитет од речиси 100 мегавати односно ако работи со полн капацитет само за негови потреби ќе треба да работи половина блок од РЕК Битола. Историски гледано во последните години кога добро му одеше „Еуроникел индустри“ и неговиот претходник “ФЕНИ“ трошеле од 50 до 70 мегавати за еден час работа.
Повеќе детали на следниот линк https://faktor.mk/dodeka-e-vo-haos-euronikel-vleche-struja-preku-mepso

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy