Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Крмов: Гласањето за Деловникот е генерална проба за Бугари во Уставот
Македонија

Крмов: Гласањето за Деловникот е генерална проба за Бугари во Уставот

23/11/2023

AA

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов во интервју за Телевизија Стар истакна дека гласањето на Деловникот е генерална проба за Бугари во Уставот.

„Нашето однесување во Собранието беше реакција на нивното шверцерско носење на Деловник и неуставно фрлање на нашите 2.400 амандмани во корпа. Џафери направи груб фалсификат и тоа е резултат на неказнивост. И ДПМНЕ и СДС до сега правеа Влада со ДУИ и за фунционерите на ДУИ важи принцип на неказнивост. Што и да направи Џафери, нема да одговара. Го видовме пред некое време како ги пцуеше и вработените на најгруб начин и не се одржа ни Комисија за да се разгледа тоа. Џафери немаше никаков правен основ да ги фрли амандманите. Не ми дава мене право Џафери да поднесувам амандани. Народот кој гласа и Уставот ми дава право да поднесувам амандмани.

Јас тука ќе кажам дека на Комисијата, каде се гласаа нашите амандмани за враќање на филибастерингот, Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ најбурно реагираше и неговите пратеници не ги гласаа амандманите на Левица. По наша проценка, Џафери ова го направи под директен притисок на ДПМНЕ. Полесно ќе му беше на Џафери сето ова да го заврши на Комисија, каде нема никакви новинари. Кога видоа ДПМНЕ дека ние го враќаме филибастерот, тие се убедени дека ќе бидат новата власт и тие не сакаат главоболка. Сакаат буквално диктатура и Собранието да носи закони на брза лента.

Во моментов, СДС и ДУИ се додворуваат на ДПМНЕ и тоа почна од измените на Кривичниот законик, со кои се амнестираа функционери на ДПМНЕ. Овие партии се веќе подолг период во коалиција. Дури и после лидерските средби, Мицкоски прифати влез на Бугарите во Уставот со некакво одложено дејство. ДПМНЕ веќе го кажа тоа.

ДПМНЕ сега глумат патриоти и нема сега да ги стават Бугарите во Уставот, ама апсолутно ќе ги стават после избори. Народот треба да знае дека ДПМНЕ тоа што го направи со Деловникот е генерална проба за како ќе се внесат Бугарите во уставот. Сите три заедно – ДПМНЕ, СДС и ДУИ, милум или силум“, вели Крмов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy