Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-р Пановски и Фарма Трејд склучиле картелски договор, утврди Комисијата за заштита на конкуренцијата
Македонија

Д-р Пановски и Фарма Трејд склучиле картелски договор, утврди Комисијата за заштита на конкуренцијата

12/06/2025

AA

Вишиот управен суд со пресуда (УПРЖ бр.63/2024) го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое Комисијата утврди дека две  големи веледрогерии АД Д-р Пановски и Фарма Трејд ДООЕЛ Скопје склучиле забранет договор – КАРТЕЛ при учество во постапка за јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал. Се работи за јавна набавка која во 2016 година е распишана од страна на Министерството за здравство на Република Македонија при што двете веледрогерии спротивно на Законот за заштита на конкуренцијата склучиле забранет договор-картел со кој свесно и со намера да се стекат со противправна имотна корист на штета на државата го замениле принципот на слободна конкуренција на пазарот со забрането договарање на продажните цени на лековите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата при откривање и документирање на овој картел го имала во предвид домашното законодавство, но и судската пракса на Европската унија.

За учество во предметниот картел Комисијата  со решението изрече прекршочни санкции глоба и тоа на АД Д-р Пановски во износ од 1.061.000 евра и на Фарма Трејд ДООЕЛ  721.000 евра.

Висината на наведената глоба е во корелација со штетата која е нанесена на буџетот на државата. 

Решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата е потврдено од страна на Управниот суд и Вишиот управен суд и истото е правосилно и извршно и претпријатијата треба да ја платат глобата во законски утврдениот рок.

Комисијата за заштита на конкуренцијата за откриениот картел ќе поднесе соодветно известување до Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство заради натамошно постапување од нивна страна во соодветна кривична постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштети од напади на

15/04/2026
Македонија

СТАРИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ ОСТАВЕНИ ВО ВРЕЌА НА ПАТЕКА ВО БУТЕЛ!?

15/04/2026
Македонија

МУЦУНСКИ СТАПИ ВО КОНТАКТ СО ПАРТИЈАТА НА МАЃАР Потврдена силната

15/04/2026
Македонија

СДСМ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ЈА СРАМИ ДРЖАВАТА Од ВМРО-ДПМНЕ бараат

15/04/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ за првпат во Штип: Ова не е

15/04/2026
Македонија

Осуда по обидот за палење на синагогата „Бет Јаков“: Повик

15/04/2026
Македонија

ТАТКО МАСТУРБИРАЛ ПРЕД 10-ГОДИШНИОТ СИН И ГО ТЕРАЛ И ТОЈ

15/04/2026
Македонија

Хорор во битолско: Татко прикажувал порнографски содржини и се самозадоволувал

15/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42512
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Град Скопје исплатил 750.000 евра за оштети од напади на бездомни кучиња во 2025 година

15/04/2026

Во текот на 2025 година, Град Скопје исплатил приближно 750.000 евра на име оштета на граѓани кои биле жртви на

СТАРИ ЧОВЕЧКИ КОСКИ ОСТАВЕНИ ВО ВРЕЌА НА ПАТЕКА ВО БУТЕЛ!? И одамна починатите заслужуваат достоинствен

15/04/2026

Скопјанка и нејзиниот малолетен син, за време на посета на Градските гробишта Бутел на вториот ден на Велигден, наишле на

МУЦУНСКИ СТАПИ ВО КОНТАКТ СО ПАРТИЈАТА НА МАЃАР Потврдена силната поддршка за европскиот пат на

15/04/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главна советничка за надворешна политика

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy