Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Д-р Николов: Приоритет на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изградба на модерен Клинички центар, завршување на Клиничката болница Штип, спојување на Клиниките во еден Клинички центар
Македонија

Д-р Николов: Приоритет на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изградба на модерен Клинички центар, завршување на Клиничката болница Штип, спојување на Клиниките во еден Клинички центар

03/02/2024

AA

Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за здравството во последните седум години има само една констатација, тоа е во полукоматозна состојба, на апарати.

„Власта на СДС и ДУИ со лошо менаџирање го уназади здравствениот систем, особено јавното здравство. Не само што нема прогрес во ресорот што живот значи, туку имавме и враќање наназад за неколку децении.

Изминатиов период сведоци сме на корупција, негативна селекција и непотизам. Од ветениот “ЌЕ” живот реализираа едвај 20 проценти. Зад себе по 7 години оставија само деградација на здравствениот систем, кадар кој е демотивиран од непотистичките и исполитизирани вработувања. Сведоци сме и на разрешувања и кардовски решенија без никакви критериуми односно чисто партиско влијание кое се определува врз основа на рок на некакви сертификати.

ВМРО-ДПМНЕ како идна влада има план преку Платформата за здравствениот систем да го ресетира здравството преку подобрување на три клучни сегменти, а тоа се ефикасност, ефективност и економичност.

Приоритет ќе ни биде зајакнување на здравството во регионите, односно завршување на Клиничката болница во Штип, која што треба да прерасне во универзитетска клиничка болница и столб на здравството во источна Македонија.

Приоритет ќе ни биде укинување на дуализмот со врзани потписи и спојување на Клиниките во еден Клинички центар. Приоритет ќе ни биде модерен Клинички центар и подобрување на функционалноста на здравствените институции. Приоритет ќе биде зајакнување на примарното и секундарното здравство.

Ќе ги вратиме едукацијата и обуките во странство, како главен столб на кадровската политика. Овие едукации и обуки беа укинати последните 7 години. Веднаш ќе иницираме законски измени со цел да се вработува најдобриот медицински кадар, во рамки на национална стратегија за здравство. Ќе ги вработуваме и најдобрите студенти и талентирани ученици од медицинските факултети и медицинските училишта.

Ќе ги зајакнеме ресурсите на итната медицинска помош и ќе го зголемиме бројот на пунктови на итна медицинска помош.

Важно е да замине оваа Власт, Важно е здравствениот систем да се рестартира преку зајакнување на три круцијални сегменти, а тоа се ефективност, ефикасност и економичност“, порача Николов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска

24/04/2026
Македонија

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења

24/04/2026
Македонија

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на

24/04/2026
Македонија

ЖИЧНИЦАТА НА ВОДНО ВОН ФУНКЦИЈА: Овој викенд нема да работи

24/04/2026
Македонија

УЈП потсетува: 27 април е краен рок за поднесување ДДВ-пријава

24/04/2026
Македонија

Лесната пешадиска баталјонска група доби највисока оцена за борбена подготвеност

24/04/2026
Македонија

Македонски работници страдаат во странство, дома гинат во семејни фирми:

24/04/2026
Македонија

Давкова го поддржува законот за едно државјанство: Треба да важи

24/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска акција за лажни ботокси и

24/04/2026

Основниот кривичен суд Скопје ги донесе конечните одлуки за мерките за обезбедување присуство на осомничените лица опфатени во последната акција

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења на бившите функционери, сега дел

24/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, категорично ги отфрли сомнежите за криминал во неговото досегашно

Јужнокорејски коктел на црно: Што се вбризгувало во телата на пациентите?

24/04/2026

Акцијата „Чисто лице“, која ја спроведоа МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал на 23 и 24 април, откри

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy