Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Цветници: Влезот на Христос во Јерусалим – триумф пред страданието
Македонија

Цветници: Влезот на Христос во Јерусалим – триумф пред страданието

13/04/2025

AA

Цветници го означуваат торжествениот влез на Исус Христос во Јерусалим, настан што се случил откако го воскреснал четиридневно погребаниот Лазар. Народот, во тој миг на најголемо препознавање и восхит, го пречекува Христос како Господ и Спасител, го постила патот со облеки и палмови гранки, воскликнувајќи: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“

Христос влегува во градот јавајќи на осле – симболичен чин во исполнување на старозаветното пророштво, но и покрај сите знаци, дури ни Неговите ученици целосно не го разбираат значењето на тој миг.

Покрај еврејскиот народ, и некои Елини пристапиле со желба да го видат Христос. Единствено свештенството и фарисеите остануваат слепи пред чудото и Божјата сила – тие се подготвуваат за Неговото погубување, како и за смртта на Лазар, кој сведочел за божественоста на Христос.

Со влегувањето во Јерусалим започнува Страстната седмица – најтешкиот и најдраматичниот период во христијанската историја. Цветници, како еден од Дванаесетте големи празници, го најавува страданието на Христос, но и надежта за воскресение и спасение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поништени дипломи на УКИМ и Славјански универзитет по утврдени неправилности

05/05/2026
Македонија

Пожарот во Визбегово сѐ уште е активен

05/05/2026
Македонија

Авионска дезинсекција во четврток во Скопје против ларви од комарци

05/05/2026
Македонија

ФОТО Сообраќајна несреќа кај „Џевахир Мол“ во Аеродром: Верижен судир

04/05/2026
Македонија

Почина Рамуш Муарем, новинар и гласен борец за правата на

04/05/2026
Македонија

Муцунски: Регионот и ЕУ бараат решение за летниот метеж на

04/05/2026
Македонија

Скопјанка пријавила сограѓанка која носела повредено новороденче!

04/05/2026
Македонија

Тетовчанка лажела маж од Косово дека е бремена, тој и

04/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43072
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поништени дипломи на УКИМ и Славјански универзитет по утврдени неправилности

05/05/2026

Министерството за образование и наука започна постапка за поништување на академски дипломи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и

Пожарот во Визбегово сѐ уште е активен

05/05/2026

Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување

Авионска дезинсекција во четврток во Скопје против ларви од комарци

05/05/2026

Од Град Скопје утрово информираа дека на 7 мај, четврток, во раните утрински часови, ќе се реализира авионска дезинсекција на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy