Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Вчера имаше 1.568 повици на 112 и прв ангажман на медикоптер во спасителна акција
Македонија

ЦУК: Вчера имаше 1.568 повици на 112 и прв ангажман на медикоптер во спасителна акција

18/12/2023

AA

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), според последниот извештај имало вкупно 1.568 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие.

„Реални“ повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 41,90%, а 58,10% други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, распределбата на повиците за итни случаи, , била следната: кон Полиција биле упатени 43,48% од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 40,00%, кон пожарникарите 6,52%, а кон АМСМ биле упатени 0,44%.
Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 9,56% од „реалните“, што секако заедно со другите 58,10% „неитни повици“ (933 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Инаку, од специфичните итни случаи од вчера издвојуваме еден, спасување повреден од непристапен терен. Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје извести дека по утринскиот повик на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е координирана спасителната акција за повредено лице, ловец, со скршена нога, на непристапен и опасен терен во реон на с.Буковиќ (Општина Сарај). Преку Секторот за операции и координација во ЦУК, заради непристапноста на теренот, било упатено барање до МВР за ангажирање на воздухоплов. МВР веднаш одговорило на задачата и медикоптерот – пред неговата промоција со симулација за спасување во Битола, на која оправдано задоцни, имаше прв лет за спасување при реална ситуација. При ова спасување и транспортирање на опасно повреден во тешки услови на речиси непристапен терен, согласно повратните информации за развој на извлекувањето, сите ангажирани институции, служби, членови на здруженија и мештани реагираа максимално координирано и оптимално во интерес на вкупната безбедност, а особено за безбедноста на повредениот – за при извлекувањето од бездната за да не дојде до поголеми повреди на скршената нога.
Ловците, кои покажаа и голема саморганизираност и знаења за спасување на терен и дејствуваа по професионалните совети на докторите од ИМП, на полицијата, на пилотите, а и на мештаните, по спасителната акција се јавија во ЦУК искажувајќи голема благодарност до сите ангажирани за време на спасителната акција, а и по приемот во болница. Тие самоиницијативно ја искажаа таа благодарност и преку социјалните мрежи и информираа дека по операцијата повредениот ловец е во добра состојба.

Инаку, поширокото информирање на медиумите за вакви специфични спасителни акции е евидентно дека овозможува да се подигне знаењето на граѓаните како треба да се подготват кога одат во планински предели и како да реагираат и да соработуваат со институциите од Системот за управување со кризи во слични животозагрозувачки ситуации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy