Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: Сточар нападнат од мечка на планината Мукос во атарот на с.Оморани
Македонија

ЦУК: Сточар нападнат од мечка на планината Мукос во атарот на с.Оморани

09/04/2024

AA

Центарот за управување со кризи информира дека имало опасен напад од мечка на 61-годишнен човек, на планината Мукос, кај месноста „Сеча“, во атарот на с. Оморани на територија на Општина Чашка, кој завршил само со телесни повреди (на грбот и телото) и каснувања (на двете нозе, на едната посериозно), а можел да биде и фатален.

Блиските од семејството го информирале ЦУК, дека повредениот бил под многу голем стрес.

-При првиот контакт кој го имал со блиските, не можел и да комуницира. Сточарот при нападот од мечката успеал, инстиктивно, по неговото соборување на земја, со нозете да се одбрани, а го бранеле и неговите две помали кучиња. Притоа, се здобил само со повреди, а ситуацијата била сериозна, бидејќи мечката при повеќекратниот напад се обидувала да го зграпчи и да го касне на стомакот, што можело да биде фатално, информираа блиските за ЦУК.

По нападот, 61-годишниот, дури имал сила, се вратил назад во неговата „Колиба“, заедно со стадото крави, но таму поради изнемоштеност, изгубил и најверојатно заради претрпениот шок, не се јавило веднаш за помош, при што поминал цело едно деноноќие.

– Блиските од семејството, при комуникацијата со ЦУК, информираа дека мечката го напаѓала стадото и другпат, но овојпат директно го нападнала сточарот, кога тој доцна попладне во неделата го враќал стадото крави од пасење. Истата мечка во последните три години постојано го напаѓала стадото, при што само во последната година има убиено три крави и неколку телиња. Повредениот сточар, бидејќи не се јавил дома од неделата (08.04.2024), а неговите блиски од семејството не можеле да го добијат на телефон, загрижени отишле директно на планината во „Колибата“ кај стадото крави и таму го затекнале под голем стрес и повреден, известуваат од ЦУК.

Блиските веднаш го однеле во Општа болница Велес – хируршко одделение, каде што му е пружена соодветна медицинска нега и му се дадени лекарства. Неговите нозе, покрај раните од каснувањата биле и отечени од ударите при борбата да не го касне на стомак и да го повреди повеќе.

– На едната нога имал и помала скршеница и таа му била соодветно преврзана со медицински средства. Денеска, по одењето во болница и добивањето соодветна медицински третман и медикаменти, повреденото лице од напад на мечка, доцна попладне ја напуштило болницата и е на домашно лекување во својот дом во с. Дреновци во Општина Прилеп, соопштија од ЦУК.

Оттаму, потенцираат дека ја следат состојбата на повредениот преку комуникација со неговите блиски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy