
ЦУК: Имало пет пожари на отворен простор и 1.607 повици на 112 за итни случаи, во последното деноноќие
Пожари на отворен простор и покрај локалните врнежи во последното деноноќие имало вкупно пет и сите се изгаснати со правовремен и брз ангажман на противпожарните единици, според извештаите во Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи ЦУК добиени од неговите регионални центри и од институциите во државата од Системот за управување со кризи (СУК).
Активни пожари на отворено нема утрово, а во петте пожари горела сува трева и ниска вегетација во: Општина Кавадарци, во близина на фирмата „Југокомерц Кавадарци“; Општина Могила, кај истоименото село с.Могила; Општина Делчево, кај с.Полето и во Општина Долнени имало два пожара, кај с.Сенокос и кај месноста „Три Багреми“.
Според последниот извештај на Секторот Е-112 во ЦУК на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.607 повици до изминатото деноноќие.
Најмногу повици биле упатени кон Полицијата и Итната медицинска помош, конкретно по 45,71% од повиците за итни случаи. Другите повици биле упатени кон Територијалните единици за противпожарна заштита, АМСМ, а ЦУК ги решавал, координирал итните случаи за комбинирано дејствување. Конкретно, ЦУК координирал интервенции при што, покрај дејствувањето на Полицијата, Итната медицинска помош, Пожарникарите и АМСМ, било потребно координирано да интервенираат и многу комунални и други претпријатија на општините и од други институции, служби и фирми, што се дел од СУК.
