Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: 1.936 повици на 112, во последното деноноќие, интервенирано  најмалку на 24 пожари на отворено, а во Ресенско и Кумановско е опожарена површина и по 20 хектари поединечно
Македонија

ЦУК: 1.936 повици на 112, во последното деноноќие, интервенирано најмалку на 24 пожари на отворено, а во Ресенско и Кумановско е опожарена површина и по 20 хектари поединечно

10/02/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.936 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,49%, а 56,51% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 57,53%, кон Итната медицинска помош 23,17%, а кон пожарникарите 15,83% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 3,47% со другите 56,51% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.113 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, изгаснаа  вкупно 24 евидентирани пожари на отворено, на места и со помош на локално население, а во Ресенско и Кумановско опожарена е површина и по 20 хектари поединечно. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека пожарникарите од БППЗ на град Скопје, во периодот од 19.00до 21.10 часот, гаснеле запалена ниска вегетација (стрниште) на површина од 1 хектар во населба „Стопански Двор“. Интервенцијата ја извршиле со 2 возила и 5 пожарникари и една на запалено ѓубре на површина од 50м2 (Општина Ѓорче Петров). Пожарот кај с. Виниче во Општина Гази Баба, каде што гореше деградирана вегетација и сува трева на тешко пристапен терен е изгаснат.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека ТППЕ Битола, од 14:02 до 15:50 часот, со 6 пожарникари и 2 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на плац за отпад во близина на населбата „Горно Оризари“, од 16:35 до 18:00 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај с. Ивањевци.
ТППЕ Прилеп од 15:27 до 16:30 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во месноста „Маркова Чешма“, од 17:00 до 17:50 часот, со 4 пожарникари и 2 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во месноста „Три багреми“ и  имале уште две помали интервенции.
ТППЕ Ресен од 13:10 до 14:38 часот, со 4 пожарникари со 3 ПП возило гаснеле и 5 ренџери со 2 возила гаснеле запалена ниска вегетација, трски и врби во Паркот на природата „Езерани“. Опожарена била површина од 20  хектари.
ТППЕ Демир Хисар од 21:00 до 21:40 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на патниот правец Демир Хисар – Кичево кај с. Сопотница.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека ТППЕ Охрид во изминатото деноноќие бележи една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Велес известува дека ТППЕ Свети Николе, во време од 17:40 до 19:30 часот, со 6 пожарникари и 2 ПП возила, имала интервенција на запалена ниска вегетација помеѓу с. Лозово и соседното с. Дорфулија, Општина Свети Николе.
ТППЕ Кавадарци со  2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале  на запалена ниска вегетација во близина на с. Крушевица опш. Росоман.

Регионалниот ЦУК Штип известува дека ТППЕ Пробиштип, вчера од 07:00 до 16:40 часот, со 1 ПП теренско возило и 3 пожарникари, целосно го локализираа повеќекратниот пожар што се јавуваше во атарот на с. Јамиште. Не се очекува  повторно активирање. Остатоци од изгорени трупци кој што се наоѓаат во внатрешноста на пожарот се расчистени. ТППЕ Кратово во текот на денот со 3 пожарникари и 1 ПП возило неколку часа  биле на терен за помош на  пожарот во с. Јамиште.

ТППЕ Кочани од 18:05 до 19:40 часот, со 2 пожарникари и 1 пп возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с. Уларци, Општина Чешиново – Облешево.

РЦУК – Куманово известува дека ТППЕ Старо Нагоричане  вчера имале две  интервенции и тоа: кај с. Арбанашко интервенирале на запалена ниска вегетација и нискостеблеста деградирана шума од 14:30 до 18:00 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари и втората интервенција била во реон на селата Макреш, Војник и с. Сув Ора, каде што горела запалена ниска вегетација и нискостеблеста деградирана шума со површина од околу 20 хектари, интервенирале од 15.03 до 22.45 часот, а интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари.

Регионален ЦУК Тетово известува дека ТППЕ Тетово, од 18:00 до 18:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена  ниска вегетација кај село Теново опш. Брвеница и од 20:55 до 22:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена  ниска вегетација на површина од 2 декара кај селата  Прељубиште-Јанчиште, Општина Јегуновце.
Пожарникарите од ТППЕ Гостивар во текот на изминатото деноноќие имале и две помали интервенции на запалена ниска вегетација кај с. Неготино и кај фабриката „Бек-Гранит“ Општина Врапчиште.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, потребно и корисно е да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Донесена е одлука, Владата ги намалува цените на училишниот прибор

25/08/2026
Македонија

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, премиерот на Косово

25/08/2026
Македонија

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади

25/08/2026
Македонија

Нови и модерни спортски терени во средните училишта во Скопје

25/08/2026
Македонија

Од утре пријавување за студентски оброк: Бруцошите добиваат по 140

25/08/2026
Македонија

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Барањето за пренамена го

25/08/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма: Се

25/08/2026
Македонија

Високи температури низ цела Македонија, УХМР издаде метеоаларм

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45243
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Донесена е одлука, Владата ги намалува цените на училишниот прибор – 10% на големо, и

25/08/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, како мерка за поддршка на семејствата пред

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, премиерот на Косово стигнува во посета

25/08/2026

Поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти, утре, 26 август, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.

Малолетници преку Инстаграм се фалат со уништување имот и упади во туѓи објекти низ Скопје

25/08/2026

Опасно и незаконско однесување на малолетници се шири на социјалната мрежа Инстаграм, каде преку профил наменет за т.н. урбано истражување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy