Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЦУК: 1.627 повици на 112 во последното деноноќие, десетина пожари на отворено во последното деноноќие
Македонија

ЦУК: 1.627 повици на 112 во последното деноноќие, десетина пожари на отворено во последното деноноќие

29/01/2024

AA

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.747 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,40%, а 60,60% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 48,56%, кон Итната медицинска помош 41,97%, кон пожарникарите 8,65%, а кон АМСМ 0,41% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 0,41% со другите 60,60% што се именувани како „неитни повици“, биле на број 987 и биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање. Тоа се остварува преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК). За дел од повиците, секако, се постапува според стандардните оперативни процедури во координација паралелно и истовремено со повеќе ангажирани институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Регионалните центри за управување со кризи информираа дека во државата се уште има „зимски викенд“ пожари на вегетација на отворено, како што ги имало во саботното, така и во последното неделно деноноќие имало десетина пријавени.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува од БППЗ на Град Скопје од 14:30 до 16:20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено стрниште на површина од 5.000 м2 во с. Побожје (Општина Чучер Сандево) и од 16:25 до 17:5 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена нива на површина од 500 м2 во с. Петровец (Општина Петровец), а имале уште (4) четири други помали интервенции.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарникарите од ТППЕ Гевгелија од 10:55 до 12:00 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и „прнар“ кај с. Црничани (Општина Дојран) и од 14:15 до 15:00 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена депонија кај с. Негорци (Општина Гевгелија).

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарникарите од ТППЕ Велес од 14:00 до 17:00 часот, со 1 ПП возило, 3 пожарникари, заедно и со 5 вработени од ЈП „Национални шуми – подружница Бабуна“- Велес интервенирале на запалена нискостеблеста деградирана шума и мал дел смрека со површина од 5 хектари над езерото Младост. Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, од 11:30 до 12:20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалени кушишта лозови гранки кај с. Криви Дол (Општина Штип).

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека пожарникарите од ТППЕ Кочани од 12:45 до 15:00 часот, со 2 ПП возила, 4 пожарникари и 4 доброволци интервенирале на запалено стрниште со површина од 10 хектари во атарот на с. Теранци. Имале уште една помала интервенција. Пожарникарите од ТППЕ Пробиштип од 17:45 до 19:20 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште со површина од 1 хектар кај с. Бучиште.

Регионалниот ЦУК Битола, известува од ТППЕ Прилеп дека во изминатото деноноќие имале три помали интервенции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41589
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата предложи 9 нови амбасадори

17/02/2026

Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања, ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел. Тој е

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина Мангова во Лондон

17/02/2026

Екс-министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, е предлогот на Владата за нов македонски амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy