
Црвена Звезда го расплака Фенербахче среде Истанбул
Ц. Звезда добро се држеше во воведните минути од натпреварот, но потоа Фенербахче го засили темпото и ја доби првата четвртина со 26-18, додек гостите до полувреме намалија на 44-45.
Второто полувреме беше отворено со тројките на Биберовиќ и Вилбекин, а Фенербахче играше цврсто во одбрана, па стигна до предност од 51-40. Сепак, во последната минута од третата четвртина Ц. Звезда израмни на 57-57 и ја врати неизвесноста.
Српскитот им со серија од 11-0 во вториот дел направи пресврт (61-57), по што турскиот гигант не успеа да се врати во мечот и загуби со 76-85.
Боломбој беше најдобар кај „црвено-белите“ со 24 поени и шест скокови, додека Хејс постигна 21 поен, девет скокови и една асистенција за Фенербахче.
