
Црногорската полиција уапси ученик кој носел најмалку 10 ножеви и боксирачи
Полицијата уапси ученик во црногорскиот град Котор кој носел десетина ножеви со себе.
Тој со арсенал ножеви отишол на училиште, јавува црногорски „Вијести“. Неофицијалните информации на црногорскиот медиум се дека кај момчето полицијата пронашла најмалку 10 ножеви и боксирачи. Црногорската полиција пронашла неколку парчиња ножеви и метални кутии во неговиот автомобил, на училишниот паркинг. Полицајците зеле изјава од штотуку полнолетното момче и го известила главниот обвинител во тој град, кој донел решение дека во дејствијата не се стекнати елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. Инаку, деновиве по двата масакри во Србија, полицијата уапси повеќе лица кај северниот сосед кои се заканувале со масовни убиства. Во Србија момче уби 9 лица на училиште во Белград, а друг дваесетгодишник во Младеновац уби 8 луѓе.
фото МИА
