Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костовски: Коридорот 8 ЕУ го признава како европски коридор со геостратешка важност
Македонија

Костовски: Коридорот 8 ЕУ го признава како европски коридор со геостратешка важност

09/05/2023

AA

Коридорот 8 Европската Унија го признава како европски коридор со геостратешка важност, па оттаму, измените на овие закони се носат со европско знаменце, изјави денеска пратеникот од СДСМ Мартин Костовски на прес-конференција.

Според него носењето на законските измени е да не се дозволи да се повтори катастрофата со автопатот Кичево – Охрид, каде, како што кажа, се пробија многу рокови, а поради несоодветниот проект, се потрошија стотици милиони евра повеќе од предвиденото на почетокот.

-Со потребните законски измени, ќе се унапредува ефикасноста во изградбата на целокупната патната, железничката и енергетската инфраструктура во иднина. Односно, сите стратешки проекти од национален интерес, сите проекти финансирани од ЕУ и од релевантни меѓународни финансиски институции ќе се реализираат согласно новиот пристап кој ќе биде далеку поефикасен и поефективен. Со измените на петте закони кои влегуваат во собраниска процедура, создаваме можности за побрза и поевтина изградба на делниците од коридорите 8 и 10 Д, рече Костовски.

Посочи дека станува збор за најголемата инвестиција во инфраструктурата, вредна 1,3 милијарди евра, од кои најмалку 51 отсто, или над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни компании.

-Со изградбата на коридорите, нашата држава станува вистински кружен тек на Балканот. Освен подобро поврзување овој проект обезбедува и економски придобивки преку раст на БДП од два отсто годишно и отворање на најмалку осум илјади работни места. Сите пратеници низ аргументирана дискусија да дадат поддршка на законските измени, со цел да се заштедат 150 милиони евра народни пари и две години од изградбата, што би се случило доколку овие измени не бидат донесени, заклучи Костовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026
Македонија

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските

18/08/2026
Македонија

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40

18/08/2026
Македонија

Речиси цела Македонија под висок ризик од пожари, ЦУК апелира:

18/08/2026
Македонија

11 нови случаи на ХИВ/СИДА во јули, најмладиот пациент има

18/08/2026
Македонија

Охридското Езеро неделава ќе се пориби со 100.000 пастрмки

18/08/2026
Македонија

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против комарци во Скопје

18/08/2026
Македонија

Македонија од септември се приклучува кон Вертикалниот гасен коридор: Чекор

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45080
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдени 10 мигранти од Египет, приведен криумчарот

18/08/2026

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица

Муцунски: По седум години Амбасадорскиот совет повторно ги собира македонските амбасадори во Скопје

18/08/2026

Македонските амбасадори и генерални конзули од странство оваа недела ќе се соберат во Скопје на Амбасадорски совет, настан кој по

Од четврток повторно топлотен бран, за викенд температурите над 40 степени

18/08/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy