Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Црквите остварија рекордни даночни приходи
Македонија

Црквите остварија рекордни даночни приходи

12/04/2023

AA

Поради падот на бројот на верници, експертите во иднина очекуваат намалување на приходите на католичката и на протестантската црква.

Католичката и протестантската црква во Германија оствариле рекордни приходи од црковниот данок во 2022 година, но експертите очекуваат намалување на приходите во иднина поради падот на бројот на верници, пренесува Ал Џезира Балканс.


„Минатата година протестантската и католичката црква добија 13 милијарди евра приход од црковниот данок, што е за 200 милиони повеќе отколку во 2021 година“, објави Институтот за германска економија (IW).

Сепак, IW истовремено оценува дека оваа сума би можела значително да се намали во наредните години, како поради намалувањето на бројот на верници, така и поради заминувањето на голема генерација на т.н. „бејби бумовите“ во пензија, пренесува Хина.


Инфлацијата би можела да има улога и во намалувањето на реалниот приход на црквите, се наведува во соопштението на IW.

Во 2022 година, околу 1,3 милиони верници официјално ги напуштија редовите на тие две цркви во Германија, што ги ослободува од плаќање црковен данок.


Во споредба со 2019 година, црквите би можеле да имаат 11 отсто помал приход во 2027 година.

„Напуштањето на црквата и демографските промени се повеќе се рефлектираат во приливот во црковната каса, што значи дека црквите би биле принудени да штедат во иднина“, вели авторот на студијата и експерт за данок на IW, Тобајас Хенс.

Истовремено, тој укажа и на „огромниот имот“ со кој располагаат германските цркви.

„Црквите можат да го искористат своето богатство за да го пополнат буџетскиот дефицит“, рече Хенс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намалил за рекордни 27 проценти

15/05/2025

Бројот на смртни случаи од предозирање со дрога во Соединетите држави падна за речиси 27 отсто минатата година, што е

Цените на кафето скокнаа на рекордни нивоа поради намалените испораки од Бразил

23/01/2025

Цените на кафето арабика денеска достигнаа нови максимум благодарение на силната побарувачка и ограничената понуда од Бразил, најголемиот производител на

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

28/11/2024

Полицијата во Колумбија во соработка со 62 земји заплени рекордни 225 тони кокаин во рамките на операцијата Орион, што претставува

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy