
ЦИКЛОН И ЈУЖНО СТРУЕЊЕ НОСАТ ДОЖД И ТОПЛО ВРЕМЕ На крајот на неделата ќе има и појава на грмежи

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од запад кои ќе бидат поврзани со длабоката циклонска активност со центар над Џеновскиот залив до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести повремени врнежи од дожд кои повремено ќе бидат обилни, а за време на викендот ќе бидат проследени и со локална појава на грмежи. Повремено ќе дува засилен, а за време на викендот и силен ветер од јужен и од југоисточен правец.
Температурите во следните денови повторно ќе бидат во пораст особено за време на викендот и тоа поради краткотрајното јужно воздушно струење.
Повеќе за метеопрогнозата на Славчо Попоски на следниот ЛИНК.
.

