
Чурлинов пет минути по враќањето постигна гол, но Шалке беше – прегазен (ВИДЕО)
Македонецот влезе во игра на стартот од второто полувреме, а веќе во 51. минута ја затресе мрежата што во тој момент значеше изедначување за составот од Гелзенкирхен. Тој четири минути подоцна доби и жолт картон и тоа беше се од него и неговите соиграчи на оваа средба. Домаќинот набрзо потоа повторно поведе, а до крајот постигна уште два гола за да му го расипе дебито на нашиот репрезентативец.
Чурлинов пред неколку дена и официјално се врати во Шалке и тоа на позајмица од Барнли.