Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Според ММФ ризиците се поврзани со геополитичките тензии, нестабилноста на цените и претстојните изборни активности
Економија

Според ММФ ризиците се поврзани со геополитичките тензии, нестабилноста на цените и претстојните изборни активности

26/01/2024

AA

Зајакнување на растот во 2024 година, поттикнат од планираните јавни инвестиции особено почетокот на изградбата на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д. Постепено намалување на инфлацијата. Остварени фискални цели. Јавен долг со изгледи да остане на одржливо ниво и согласно фискалните правила од усвоениот Закон за буџети, и навремено сервисирање на обврските. Буџетски дефицит реализиран пониско од планираното. Ова стои во заклучокот на извештајот на Меѓународниот монетарен фонд за член IV и првиот преглед за Линијата за претпазливост и ликвидност, што го објави ММФ.

ММФ наведува дека во Буџетот за 2024 година, усвоен во Собранието, буџетскиот дефицит е проектиран на пониско ниво (3,4 проценти од БДП) и препорачува да се продолжи со фискалната консолидација и доближување на нивото на дефицит со утврденото фискално правило од Законот за буџети на 3 отсто од БДП, соопштува Министерството за финансии.

Притоа од МФ посочуваат дека според ММФ, планираните расходи во Буџетот се на сметка на капиталните инвестиции и го поздравуваат зголемувањето на планираните капитални расходи  во Буџетот и сметаат дека таквото темпо треба да продолжи во иднина. Исто така, додаваат од министерството, според ММФ важно е создавање бафери за можност да се реагира на ризиците и да се обезбеди таргетирана поддршка за справување со енергетската криза на ранливите категории граѓани.  Расходите за плати да се движат во рамки на договореното со Општиот колективен договор, а клучно ќе биде и претпазливоста во трошењата во изборниот период.

ММФ очекува забрзување на економската активност во 2024 година  проектирана на 2,3 отсто и 3 проценти во следната година. Клучни двигатели ќе бидат домашната потрошувачка и реализацијата на јавните инвестициите. Клучни за обезбедување силен, одржлив раст, кој ќе ја поддржи земјата на нејзиниот евроинтеграциски процес, се реформите насочени кон зајакнување на инвестициите, продуктивноста, зелената транзиција како и намалување на емиграцијата. Тоа ќе се постигне преку подобрување на деловното опкружување и владеење на правото, намалување на неформалната економија.

Според ММФ ризиците главно се поврзани и произлегуваат од геополитичките тензии,  нестабилноста на цените на суровините, како и претстојните изборни активности.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се спроведе во период од 31 октомври до 1 ноември 2023 година во рамки на кој се направи првиот преглед во рамки на Линијата за претпазливост и ликвидност и консултациите во однос на членот IV за 2023 година. Врз основа на заклучоците од оваа Мисија беше одобрен пристап до втората транша од Линијата за претпазливост и ликвидност во износ од 200 милиони евра, што беше потврдено и од Бордот на директори на ММФ. Консултации по членот IV се редовни и се спроведуваат на период од една година.

Фактор пред три дена го објави целосниот извештај од ММФ, кој може да го прочитате на следниов линк.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок доби машина за миење возила

29/09/2026

Битолското јавно претпријатие „Нискоградба“ после 15 години купи нова градежна машина „HIDROMEK“ и промени две надградби на товарни возила „RENO

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори и домот „Кузман Јосифовски-Питу“ во

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе биде отворен реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој ќе биде модерен

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО Уапсени се четворица, по тројца

29/09/2026

Четири лица, сите државјани на Полска, се уапсени откако со четирицикли влегле во просторот на воените магацини во Тетово, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy