Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чулев: Редици граѓани, плаќаат скапи цени за пасоши и лични карти со „северна“ кои МВР нема капацитет да ги направи и дистрибуира во законскиот рок
Македонија

Чулев: Редици граѓани, плаќаат скапи цени за пасоши и лични карти со „северна“ кои МВР нема капацитет да ги направи и дистрибуира во законскиот рок

16/11/2023

AA

Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил пишува дека редици граѓани, плаќаат скапи цени за пасоши и лични карти со „северна“ кои МВР нема капацитет да ги направи и дистрибуира во законскиот рок.

„Лошото и катастрофално менаџирање на Министерството за внатрешни работи, повторно паѓа на грбот на граѓаните.

Натписот „Северна“ и промената на важечките лични документи за таа намена, не само што е причина за дополнителни високи трошоци, туку тоа предизвикува и сериозен револт, малтретирање и нервоза, а остава сериозен простор и за корупција. По којзнае кој пат, во последните шест години, нефункционалните идеи на Оливер Спасовски, наместо да обезбедат нормални и пристојни услови, тие создаваат хаос во чии рамки граѓаните се приморани да трпат гужви и по студено и дождливо време да чекаат со часови во редица за да го добијат својот личен документ.

Да не заборавиме дека голем дел од тие граѓани, се возрасни, со нарушено здравје и со попречности, а има и мајки со мали деца.
Наместо да ги малтретира граѓаните и со донации од приватни компании да креира нефункционални ад хок решенија, Министерството за внатрешни работи, неопходно е да обезбеди соодветни услови, каде граѓаните ќе можат, во законски предвидениот рок и на достоинствен начин да го извадат личниот документ за кој плаќаат високи цени и со тоа да си ги остварат своите законски права.

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воспостави систем за автоматско известување на граѓаните за истечени документи, ќе се модернизира инфраструктурата каде се поставени и ќе се отворат нови дисперзирани базни станици за фотографирање и ќе се воведе можност за достава на личните документи на домашна адреса“, вели Чулев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
Македонија

НОВА КРИЗА НА ОНКОЛОГИЈА: Пациентките со рак на дојка повторно

10/09/2026
Македонија

Голем успех: 11-годишниот Андреј Цековски донесе злато од САД

10/09/2026
Македонија

Д-р Цана: Западнонилската треска остава долготрајни последици – специфичен лек

10/09/2026
Македонија

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45633
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто, дизелите убедливо доминираат

11/09/2026

Македонија во последните години бележи значителен пораст на бројот на автомобили, но и покрај сè поголемата застапеност на хибридните и

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026

Лицето кое беше снимено како фрла отпад во реката Радика е пронајдено и санкционирано, информираат од Општина Дебар. Откако на

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука на Врховниот суд за да

11/09/2026

Иако Врховниот суд завчера ги укина првостепената и второстепената осудителна пресуда против Стевчо Јакимовски, тој и натаму се наоѓа во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy