Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Чулев: Оливер Спасовски се подготвува за претседател, а од МВР цели сектори заминуваат во приватни фирми или странство
Македонија

Чулев: Оливер Спасовски се подготвува за претседател, а од МВР цели сектори заминуваат во приватни фирми или странство

14/07/2023

AA

Поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев утрово се огласни на друштвента мрежа Фејсбук со критики кон актуелниот министер Оливер Спасовски.

Тој пишува дека „Оливер Спасовски си го билда својот политички рејтинг со нарачани анкети и се подготвува за претседателската трка, Министерството за внатрешни работи се соочува со најголемиот кадровски „геноцид“ во последните триесетина година. Соочени со политички притисоци и малтретирања, катастрофални услови за работа, ниски плати, уништување на системот за кариера и непостење реален систем за мерење и вреднување на перформансите, секојдневно расте бројот на барањата на полициски службеници за спогодбено раскинување на работниот однос. Информациите кои стигнуваат од вработените, велат дека во еден ден или во една недела, вработени од цели сектори заминуваат од Министерството за внатрешни работи и одат на работа во странство или во приватни компании.

Кадри со високо образование, специјалистички обуки и со сериозно искуство во областа на безбедноста, решаваат својата кариера да ја продолжат во приватни компании, а троцифрен е бројот на вработени во Министерството за внатрешни работи кои побарале право на неплатен одмор, за да работат во објекти покрај море во некоја од соседните земји. Апсурдот е дотолку поголем што замислете келнер во некоја од земјите во соседството зема значително поголема плата, од човекот кој треба да се бори против криминалот во Македонија, да расчистува убиства, да се грижи за мојата и вашата безбедност или да ја гарантира сајбер безбедност на државата. Каков пораз на кадровската политика на Спасовски и СДСМ е професионалците од МВР, да се гледаат како работат келнери и готвачи во некое од соседните туристички места. Од сериозна институција во која беше престиж и привилегија да се работи, Министерството за внатрешни работи е претворено во институција од каде вработените масовно си заминуваат, младите не сакаат да работат, а се вработуваат стари и несоодветни кадри.

Флоскулите „Полицијата за граѓаните“ и „Отворени кабинети“ се само начин да се скриjaт политички притисоци, монтираните дисциплински постапки, незаконските унапредувања, фактот дека Спасовски пет години не може да изработи нова функционална систематизација на работните места и на крај да се скрие незадоволството на вработените кое ескалира од ден на ден. Само за компарација и за пример, полициите од соседните земји, земаат речиси дупло поголема плата од тие во Македонија, а и материјално-техничките средства и опрема со кои располагаат се неспоредливи. Во услови на двоцифрена инфлација, платите на вработените во Министерството за внатрешни работи се речиси исти, како пред 3 години, кога за време на Ковид кризата јас бев министер во техничката влада.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy